Д-р Бранислав Несторовиќ е еден од најценетите лекари во неговата земја, но и пошироко на Балканот. За него рекоа:

„Ретко во животот ќе сретнете некој чија музика се слуша оддалеку. Го чувствувате „тапанот“ дури и пред да го видите човекот. Кога имате среќа и да сретнете еден таков човек, застанувате скромно пред страста со која се живее еден живот. Еден од оние кои од животот создаваат уметност е проф. Д-р Бранимир Несторовиќ.“

Тој е педијатар, пулмолог и алерголог. Ставките од неговата биографија звучат импресивно, но тие сами по себе не би значеле ништо доколку не бидат поддржани од неговата силна и жизнена личност.

Неговото лице ќе го видите на телевизиите кога зборува за алергии или за комбинирање на различни методи на лекување. Бидејќи тој цврсто верува дека ретко кога само еден метод може да даде резултати.

Затоа тој ќе ги упати своите пациенти и на хомеопатијата и на фитотерапијата и ќе им даде надеж на сите, без исклучок. Како што вели д-р Несторовиќ, живеењето во еден мал град како што е Обреновац, кој се наоѓа во близина на Белград, си има и свои предности.

Тој повеќе бил во контакт со природата, поблизок со своите соседи и поповрзан во таа мала заедница, а сепак имал можност да ги искористи и предностите кои ги дава големиот град во близина. Тој бил немирно дете кое според денешните критериуми, го исполнувал она што денес се нарекува нарушување на на вниманието и хиперактивност (АДХД).

„Живееме во култура на себичност, а тра.гедиите во животот потоа нè сведуваат на нашата суштина, сакале или не – стануваме она што навистина сме. Се случи да се разболам и забележав дека по 7 дена луѓето престанаа да ми се јавуваат, бидејќи претходно сите главно очекуваа нешто од мене.

Малкумина се оние што ќе ви се јават за да ве прашаат како сте и дали ви треба нешто. “Ст.рашна е поуката дека на овој свет, луѓето без пари имаат малку пријатели. Јас сум, всушност, грешка во сис.темот. Во современата медицина, системот од лекари прави роботи, не дозволувајќи им да размислуваат со своја глава.

Имав сериозни проблеми и кон.фликти затоа што не можам да преминам преку нешто, како на пример, за време на сезона на грип и некои превентивни мерки. Поради лични причини не се согласив со некои ставови на конвенционалната медицина“, објасни д-р Несторовиќ, осврнувајќи се и на онаа, другата страна од животот за која ретко се говори.

Д-р Несторовиќ имал проблем со желудникот, но проблемот го решил со помош на природната медицина:

„Исечкајте зелка, прелијте ја со вода, нека биде половина зелка, половина вода и нека отстои два дена во фрижидер. После тоа пијте по една чаша наутро и навечер во текот на две седмици континуирано.“

Како што објасни докторот, зелката има одредени материи кои ја обновуваат слузокожата на желудникот. Во комбинација со сладок корен делува и врз хеликобактеријата и тоа на оние резистентни облици – објасни д-р Несторовиќ.

Докторот спомена дека најдобар лек за алергија на амброзија е копривата, но да не се вари како чај. Најдобро е листовите од копривата да се сомелат со мед. Може да се чува копривата во замрзнувач две седмици, па потоа таа самата се претвора во прав.

Чајот не е добар, бидејќи со варењето се у-биваат доста лековити состојки во копривата – објаснува д-р Несторовиќ.

РЕЦЕПТ ЗА ВОДА ОД ЗЕЛКА

Зелката е една од суперхраните кои ние често ги занемаруваме. Бидејќи содржи есенцијални нутриенти неопходни за правилно функционирање, на организмот му овозможува да се обнови и прочисти од штетните материи.

Еве за што сè може да помогне водата од зелка: му обезбедува на организмот аминокиселини за подобра дигестија; содржи витамини А, Б1, Б6, Ц, Е и фолна киселина; содржи железо, калциум, калиум, јод, фосфор и сулфур; лекува чиреви и други проблеми со дигестивниот систем; врши де.токс и прочистување на цревата; помага во сла.беење; може да помогне во прочистување после труење со ал-кохол.

Потребни состојки: 1 помала зелка зелена или црвена (црвената има повеќе витамин Ц), вода да биде половина од зафатнината на зелката, 1 прстофат морска – сол за вкус, 1 лажица лимонов вкус – за вкус

Постапка: измијте ја добро зелката и отстранете ги сите нечистотии. Исечете ја ситно и ставете ја во голема тегла, да се исполни до половина, а потоа до врв дополнете со вода.

Теглата чувајте ја во фрижидер два дена, а потоа процедете ја. Додајте прстофат сол и малку лимонов вкус за подобрување на вкусот.

На почетокот пијте по една чаша наутро на гладно, а кога ќе се навикнете продолжее да пиете по две чаши, наутро и навечер. За да има ефект мора да пиете секојдневно во период од две седмици.