Ким Делија од Берн, Швајцарија ги претвора макаронс – колачињата во вистинска уметност. Но, таа не е ниту готвач, ниту пекар. Барем, не на професионален начин.

Ким работи во продавница за текстил. Дваесет и шест годишната девојка се занимава и со пеење во урбан бенд. Ако тоа не е доволно, Ким е исто така и актер во театарска асоцијација.

Како таа наоѓа време да ги направи овие прекрасни макаронс – колачиња, останува тајна. Започнала со декорација на колачиња пред речиси две години.

,,Ја направив мојата прва торта пред неколку години само од забава. Изгледаше прилично добро, но беше ужасна за јадење. После тоа следеа уште многу безуспешни торти и колачи.‘’ – пишува Ким.

Со декорирање на колачињата започнала во јануари 2019 година. И покрај тоа што, работата ја завршува одлично веќе една ипол година, таа нагласува дека сè уште прави грешки, но најважно е дека учи од нив!

,,Ми се допаѓаат макаронс – колачињата, бидејќи тие се предизвик за мене! Јас го немам најдобриот рецепт, така што крајниот резултат секојпат е изненадување. Обично не знам дали ќе излезат добро или не.’’

Макаронс – колачињата ја фасцинираат Делија затоа што може да се направат на многу различни начини и вкусови.

,,Неодамна се придружив во група за печење колачи на Фејсбук. И многу често со другите членови од групата разменуваме фотографии од колачињата. Најчесто моите пријатели праќаат слики од нивните испукани макаронс.

Еден ден кога и моите колачиња распукаа, решив да направам интересни маски од нив и да им ги покажам на другите членови од групата. Сега и другите го прават тоа!’’

Така настанаа декоративните колачиња на Делија. Сега таа добива многу нарачки за овие колачиња. Сепак Ким верува дека вкусот доаѓа пред уметноста кога станува збор за макаронс – колачињата.

Но, нејзините специјални макаронс – колачиња не се разликуваат во вкусот од обичните. Бидејќи таа за декорирање користи само шеќерна глазура и фондан.

,,Тоа се двете состојки кои ги користам за тие да останат во добра форма. Не можам да кажам дека вкусот е најважниот кога ги изработувам. Секако, кога печам обични колачиња, вкусот доаѓа во прв план.’’ – додава таа.

Следуваат неколку интересни фотографии од нејзините колачиња кои таа ги сподели на социјалните мрежи.

Текстот за НМД.мк го обработи Мартина Христовска.