Љубителите на кокос ќе уживаат. Многу лесен колач, може да го изедете без грижа на совест. Рецептот е класичен, ќе се изненадите дека вкусшност е едноставен, а добивате еден таков кремаст и нежен колач, на кој најмногу ќе му се израдуваат љубителите на кокосот.

Потребни состојки:

6 белки, 150 г шеќер, 100 г брашно, 150 г кокос, 1 лажичка прашок за печиво, 1 лажичка оцет, 200 мл врело млеко за преливање на кориата кога е готова.

За фил: 800 мл млеко, 3 лажици шеќер, 6 жолчки, 3 лажици брашно, 2 пудинг од ванила (80 г), 200 г путер/маргарин, 150 г шеќер во прав и околу 50 г кокос за наросување.

Постапка:

Рерната загрејте ја на 200 степени. Белките изматете ги добро па додадете го шеќерот и матете со миксер додека да се растопи. Потоа додадете брашно, кокос, прашок за печиво и лажичка оцет и матете со најспора брзина или со лажица за да се соединат состојките.

рафаело колач

Смесата излејте ја во плех (со средна величина) намастен со путер. Ставете да се пече во загреана рерна и нека се пече неколку минути на 200 степени, а потоа намалете на 180 степени и печете уште приближно 15-20 минути. Топлата кора рамномерно прелијте ја со една чаша врело млеко и оставете да излади.

За фил: измешајте 80 г прашок за пудинг, 3 лажици брашно, 3 лажици шеќер, 6 жолчки и околу 200 мл млеко (одземено од  тие 800 мл). Остатокот од млекото, 600 мл ставете го на оган да зоврие.

Смесата со жолчките и пудингот добро изматете ја да нема грутки и додадете во врелото млеко со постојано мешање додека да згусне. Филот оставете го да излади. Потоа постепено додавајте го во пенасто изматен путер со шеќер.

Филот нанесете го врз кората, одозгора наросете кокос и колачот оставете го на ладење во фрижидер неколку часови или најдобро преку ноќ. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.