Се топи во уста: Бугарски компир запечен во рерна – хит во регионот!

Уживајте во секој залак: запечен компир во рерна – прилог кој ќе го фрли во сенка секое главно јадење!

Потребни состојки:

1 кг компир
100 г путер
30 г брашно
3 јајца
100 г кашкавал
200 г кисело млеко
Сол и црн пипер по вкус

Постапка:

Јајцата изматете ги со виљушка, зачинете и додадете растопен путер, брашно и кисело млеко.

Компирот сварете го и изрендајте го во намастена тепсија.

Одозгора прелијте го со смесата од јајца и наросете со рендан кашкавал.

Печете во рерна на 180 степени околу 30 минути или додека убаво да се запече.

Деталите погледнете ги во видеото:

Loading...