Уште во основно училиште на часовите по физичка култура слушаме дека истегнувањето е многу добро за нашето здравје, за нашата постура и држењето воопшто, за мускулите, зглобовите и зглобовите… но, тоа не го сфаќаме сериозно.

Иако сè уште млади, веќе во 20-тите години од нашиот живот започнуваме да ги чувствуваме првите болки во грбот, вратот, со некои од зглобовите, но оставаме проблемот да се раши сам по себе.

Меѓутоа, некогаш тегобите можат да преминат во посериозни здравствени состојби, а дисфункцијата подоцна е потешко да се решава..

Една жена решила да направи еден експеримент и месец дена правела вежби за истегнување во времетраење од 10 минути секој ден. А ние ви го пренесуваме нејзиното искуство:

“Одлучив вежбите за истегнување да бидат моја секојдневна рутина во период од 30 дена. Ги истегнував мускулите по 10 минути секојдневно и после еден месец ги забележав следниве потполно неочекувани промени:

Мојата дневна рутина за истегнување изгледаше вака:

СВИТКУВАЊЕ НА ГЛАВАТА ДО КОЛЕНА. Седнете на подот со испружена десна нога, а левата свиткана во коленото додека стапалото ви ја допира внатрешноста на бутот од десната нога. Наведнувајте се кон десната страна додека да го фатите испруженото стапало со двете раце. Останете во оваа положба 60 секунди, па повторете го истото и со другата нога.

ПОЗА ЖАБА: Седнете на подот со стапалата зад задникот и со раширени колена. Стапалата нека останат на подот, подигнете го задникот и со помош на рацете истегнете се кон напред колку можете повеќе. Нозете нека ви се раздвојуваат додека да почувствувате затегнување на бутовите. Останете во оваа положба 2 минути.

ПОЗА КОБРА: легнете на стома. Испружете ги нозете, а рацете ставете ги под рамењата. Подигнете го горниот дел од телото, така да ги исправите лактите. Оставете во оваа положба 2 минути.

КУЧЕ КОЕ ГЛЕДА КОН ДОЛУ: Поставете ги рацете и стапалата на подот во ширина на рамењата. Држете ги рацете и нозете исправени цело време, во времетраење од 2 минути.

ИСТЕГНУВАЊЕ НА ГРБОТ ВО СЕДЕЧКА ПОЛОЖБА: Седнете на подот и исшружете ги двете нозе пред вас. Свиткајте го левото коленото и ставете го на него десниот лакт. Ставете ја левата нога на под и погледнете преку левото рамо. Останете така една минута, па променете ја страната.

ОВА СЕ ПРОМЕНИТЕ КОИ ГИ ЗАБЕЛЕЖАВ:

Болката во грбот не беше мојот единствен проблем пред експериментот. Исто така имав проблем и со спиењето, бев цело време уморна поради неспиењето, но не очекував дека истегнувањето ќе ми го реши проблемот со инсомнијата. Се испостави дека истегнувањето пред одење во кревет може да ги опушти мускулите и да ме ослободи од ноќните грчеви. Кога ништо не ве вознемирува сред ноќ, квалитетот на сонот се подобрува и се чувствувате посвежо наутро кога ќе се разбудите.

Најпосле го почувствував своето тело: Секако, истегнувањето е совршен начин за да добиете одлично тело. Но, поентата овде не е во тоа. За мене, вежбите за истегнување станаа начин за да си го вратам своето тело назад.

Кога цел ден седите на столче, буквално не ги чувствувате нозете кога од работа се враќате дома. Така ми беше мене. Но кога започнав со истегнувањето, сфатив дека на моето тело му е потребно внимание повеќе отколку што си мислев дотогаш.

Оваа подобра свест за телото која се разви како последица од истегнувањето, ми овозможи да продолжам да се истегнувам на паметен начин, работејќи на тие мускули кои ми беа послаби и многу понапнати.

Се чувствувам помалку тромаво: Некогаш имав проблем да останам будна во текот на долгиот работен ден. Некаде околу средината на попладнето се чувствува толку тромо и летаргично што едвај успевав да се концентрирам на работата.

Започнав да правам за истегнување и додека седам на работното место што ми помогна значително да го зголемам нивото на енергија.

Болката во грбот ми исчезна: Постојаната болка во грбот и беше причината за овој експеримент. Веќе долго време слушав дека истегнувањето помага во решавање на овој проблем и за мое изненадување излезе дека е вистина.

За некој како мене што нема време да извежба цел сет вежби од 40 минути или цел час, овој програм од 10 минути е одличен за спас од ваквите проблеми. После еден месец се чувствувам олеснато, полетно и без болки! Покрај тоа мускулите ми зајакнаа и немам веќе јазли во рамењата.

Повеќе не ми студи: Веројатно знаете дека истегнувањето го зголемува протокот на крвта во мускулното ткиво. Меѓутоа, јас лично не бев запозната со ова и не знаев дека сето ова се оседнува не само за моите мускули, туку и за сите мои внатрешни органи и деловите од телото.

Порано постојано ми студеше бидејќи не се движам многу, особено на дланките и стапалата. Постојано се обидував да ги згреам, но не успевав во тоа. Рутината со истегнувањето ми помогна да го зголемам транспортот на кислород и крвта побогата со хранливи материи низ целото тело.

Сега подобрата циркулација ми помага да одржувам нормална температура во сите делови од телото и тоа на природен начин.”