Рецепт за највкусните посни црвени пиперки со праз и ориз – прсти да излижеш, толку се слатки!

Рецепт и видео прилог “Кај Баба На Гости” Бабина Кујна (Kod bake u gostima) – посни полнети пиперки.

Многу добар рецепт за посни полнети пиперки, што кога еднаш ќе ги направите, постојано ќе ги приготвувате според истиот рецепт.

Потребни состојки:

12-15 пиперки (а може и суви), 200 г варен ориз (процеден), 150 г праз, 150 г рендан морков, 150 г рендан компир, Зачин, црн пипер, 2-3 лажици ајвар, 200 мл доматен сос, 2 домати исечени на тркалца, 100 мл масло, 4 чешниња лук

Постапка:

Loading...

Празот испржете го на малку масло додека да омекне (под капак), па додадете го ренданиот морков и промешајте. Откако и морковот ќе омекне, додадете го и ренданиот компир и ситно сечканиот лук. Промешајте и кратко издинстајте.

Во динстаната смеса додадете го претходно варениот и процеден ориз, ајварот, зачин, црн пипер, па убаво промешајте за да се изедначат состојките.

Со оваа смеса се полнете ги исчистените пиперки од семки и редете ги во плех обложен со хартија. Пиперките можете да ги засекувате повеќе за полесно да ги полните пиперките. Филот е превкусен и компактен па нема да се растура.

Со овој фил може да се полнат и суви пиперки кои претходно сте ги потопиле во топла вода за да набубрат и да се хидрираат. Потоа само процедете ги и полнете ги со филот.

Откако сите пиперки ќе ги наполните и наредете во плехот, истите одозгора дополнете ги со сечени кругови од домати, полијте малку масло и доматен сос. Вака приготвени ставете ги во рерна загреана на 200 степени, 10 минути, а потоа намалете на 180 степени и печете ги околу 30 минути или додека да се запечат убаво. Деталите можете да ги погледнете во видеото:

Loading...