Се почесто млади луѓе заболуваат од Аневризма – раното откривање може да го спаси животот

Експертите предупредуваат на значењето од рано откривање на проширувањето на најголемиот крвен сад во градниот кош и стомакот. Болеста се’ почесто ги погодува и жените. Операцијата е неопходна доколку овој крвен сад е поширок од 55 милиметри.

АНЕВРИЗМА на стомачната и градната аорта од година во година се’ повеќе ги погодува луѓето од 40-50-тите па нагоре, додека порано тоа беше исклучиво болест на старите луѓе. Станува збор за заболување, кое доколку не се открие навреме, најчесто завршува со смртен исход.

Што е аневризма?

Аневризмата претставува проширување на крвен сад. Семејната историја е еден од ризик факторите кои не можете да ги контролирате. За време на прегледот докторите ги испитуваат отчукувањето на срцето и артериите на вратот (каротиди), па потоа се проверува крвниот притисок и се врши палпација.

Иако развојот на аневризмата главно е генетски условен, до неа може да дојде и поради нерегулиран висок крвен притисок (хипертензија), воспалителни процеси, како и поради долгогодишно консумирање на цигари.

За проширена градна аорта се смета кога дијаметарот на крвниот сад е за 50% поголем од нормалната величина, поточно ако ширината на аортата е 55 мм, тогаш е неопходна операција, а за поединечни заболувања оваа граница се спушта и на 45 мм. Кај одреден број пациенти проширената аорта само се следи со редовни ултразвучни прегледи. Ако аортата годишно се проширува за повеќе од милиметар, тогаш пациентот се упатува на хируршко лекување.

Доколку докторот се посомнева дека имате аневризма на аортата, тогаш ќе треба да направите ултразвук со цел да се прецизира дијагнозата. Ова е безболен тест преку кој прецизно се лоцира и мери аневризмата. Доколку станува збор за аневризма на градите, тогаш се препорачува КТ скен со кој аневрзмата се утврдува попрецизно.

Ако докторот смета дека се работи за мозочна аневризма, тогаш ќе биде потребен КТ скен или инванзивен тест наречен ангиограм. За време на оваа процедура, се вбризгува контраст во артеријата на раката или ногата која патува до мозокот каде преку снимката може да се види секоја промена.

Магнетната резонанца, исто така, може да биде корисна во испитувањето на аортата или другите крвни садови во мозокот.

Аневризмата се отстранува единствено по хируршки пат и најчесто е ризична процедура, но во повеќето случаи, доколку интервенцијата поминала успешно, пациентите немаат понатамошни проблеми. Понекогаш операцијата може да биде поопасна од самата аневризма. Во тој случај постојаното следење на состојбата и терапијата со лекови можат да бидат најдоброто решение.

Вашиот доктор ќе ја одреди големината, типот и местото на аневризмата преку разни технологии за снимање. Со помош на овој резултат докторот ќе го одбере најдоброто лекување на аневризмата.

Доколку станува збор за аневризма која не може да се третира хируршки, тогаш се препишуваат лекови кои го намалуваат крвниот притисок и контракциите на срцето со цел да не дојде до распукување на крвниот сад. Но, од друга страна, кога станува збор за аневризма која може да се третира хируршки, најдобро е докторот најпрвин да препише терапија со лекови со што одреден период би ја надгледувал аневризмата и нејзината големина.

Доколку аневризмата се зголеми, тогаш следува хируршка интервенција со цел да не дојде до прскање на крвниот сад.

Превенција – како да се заштитите:

Најпрвин дознајте дали во вашето семејство имало случај на аневризма. Доколку имате некој член од семејството кој имал срцев удар или други нарушувања на срцето, променете ја исхраната и начинот на живот со што целокупно ќе го подобрите вашето здравје.

Постојано бидете во движење, внимавајте како се храните и доколку пушите, веднаш престанете. За превенција од аневризма најважно е да го контролирате вашиот крвен притисок.

ОПЕРИРАН ВО 38.ГОДИНА

Триесетиосумгодишниот Саша Обрадовиќ од Белград заболел од хипертензија веќе во 30.година. Иако редовно земал терапија, во јули оваа година бил итно опериран поради пукање на градната аорта.

-После ручекот тргнав да се најдам со еден пријател и прво што почувствував беше метален вкус во устата, а набрзо потоа почувствував топлина во грбот и силна и тапа болка која не поминуваше.

Останав жив благодарение на брзата интервенција на итната помош, бидејќи на операциониот стол бев за половина час. Моите родители го немаат овој здравствен проблем, но баба ми по мајка била оперирана од аневризма.

Претходна статијаПо рецептот на Анита – солени стапчиња со прекрасен вкус
Следна статијаПостапка за да го исчистите вашиот тепих како во сервисите