Карцином на уста или усна шуплина најчесто се јавува после 40-тата година.
Рак на уста може да се јави во било кој дел од усната шуплина, на јазикот, на непцето, усните, во внатрешноста на вилицата, на крајниците или плунковните жлезди. Во рана фаза од болеста обично нема јасни симптоми, а експертите истакнуваат дека со редовно одење на забар може да се открие болеста на самиот почеток.
Симптомите кои укажуваат на карцином на усната шуплина се: флаки во устата или на јазикот (бели или црвени) чир или рани во устите, оток кој не се повлекува и после три седмици, израстоци и задебелувања во устата, болка при голтање, испаѓање на заби без јасна причина, болка во вилицата, рани на крајниците, чувство дека имате нешто во грлото, мутирање на гласот и болка во вратот и увото.
Од оваа болест најпогодени се пушачите и лицата кои често пијат алкохол, па имаат поголем ризик за дури 30% во однос на лицата кои ги одбегнуваат овие лоши навики.
Исто така, карциномот на уста честопати е предизвикан и поради изложеност на штетните УВ зраци (сонце, солариум), претерано консумирање на црвено месо и месни преработки, гастроезофагеална рефлуксна болест (враќање на содржината од желудникот), хумани папилома вирус и изложеност на радиотерапија.
Ова заболување најчесто се лекува така што прво се прави операција, а потоа се препишува хемотерапија и дополнителни терапии за да се уништат малигните клетки.