На барање од повеќе медиуми, доктор Жан Митрев се огласи и даде свое мислење во врска со новонастаната ситуација со корона вирусот.

“Почитувани, повеќе медиуми побараа мислење од мене за оваа состојба, за корона вирусот кој го засега целиот свет, особено Европа каде што го гледаме целиот хаос.

Јас ќе го кажам моето лично мислење, за тоа што и како би можеле да го победиме ова чудо, монструм од вирус, кој секако ги загрозува основните начела на нашата цивилизација.

Според моите сознанија, за корона вирусот е докажано дека негов главен ресурс и природно живеалиште е лилјакот, кој иако е цицач како нас, не се разболува од него.

Карактеристично за лилјакот е тоа што додека лета неговата телесна температура се покачува до 41 степени, па се претпоставува дека вирусот не може да се размножува или да вирее или дека угинува на повисока температура.

Од друга страна, најголемото жариште на овој вирус од каде започна да се шири тој во Европа, е од луѓе кои биле на скијање, кои биле во ладните предели и докажано е дека вирусот се населува во усната шуплина и носот, од каде се спушта на белите дробови каде се јавуваат најголемите проблеми и најголемата опасност.

Според тоа, мое мислење е дека секој треба да се однесува според препораките, но јас исто така, препорачувам да не се спроведува никаква физичка или рекреативна активност надвор.

Затоа, покрај самоизолацијата дома, надвор да нема нема никакви спортски или рекреативни активности, бидејќи свежиот, односно ладниот воздух може да го забрза процесот на инфекција.

Од друга страна, излегувањето надвор од морални причини, повеќе ќе ве заштити оплиот шал отколку маските кои речиси и воопшто да не штитат од овој вирус.

Исто така, препорачувам инхалации 3, 4 или 5 пати во текот на денот со чај или некој ваш омилен мирис: во топла вода ставете неколку капки етерично масло, кафе, виски или било што што вам ви се допаѓа. Важно е да инхалирате топол, врел воздух и со тоа да му оневозможите на вирусот понатамошен развој и да го спречите неговото спуштање во белите дробови.

Можеби, на овој начин, со висока температура ќе се спречи развојот на вирусот во слузокожата од носот или устата и ќе се убие.

Ова не е докажано, но тоа е моја теорија и не знам дали ќе профункционира, но брзо би можело да се утврди со контролирање на оние што се позитивни на вирусот.

За една седмица по спроведување на овој метод, треба да се повтори тестирањето и доколку се покаже дека ова фунционира, тогаш инхалацијата би била превенција која многу ќе придонесе за што поскоро нормализирање на оваа сотојба.

Ви благодарам,

Целото видеот со неговото излагање можете да го погледнете на следното видео: