Современиот начин на живот нуди многу придобивки од цивилизацискиот напредок, но забрзаното темпо на живот, загаденото опкружување, зголемените барања на работното место и семејните обврски честопати предизвикуваат с трес.

Таквата ситуација е поврзана со неправилна исхрана, премалку одмор, но и намалена физичка активност, што предизвикува забрзано стареење и промени кои значително го намалуваат квалитетот на животот.

Современиот човек често е изложен на прекумерни побарувања и притисоци, како на работното место, така и во приватниот живот. Сето ова доведува до потреба да се зголеми способноста на организмот да се прилагоди на негативните влијанија на кои е изложен, истовремено ублажувајќи ги промените предизвикани од процесот на стареење во организмот.

По 40-та година од животот, нагло паѓа лачењето на машкиот хормон тестостерон и андростерон, се јавуваат нервоза, несоница и исцрпеност, проблеми со простатата и по-тентноста.

Нема позната генетска причина за рана с мрт кај мажите, па се чини дека истото се објаснува со тоа што мажите се повеќе склони кон лоши животни навики (пушење, ал-ко-хол, прејадување, недоволна физичка активност).

Мажите исто така помалку се грижат за себе, многу ретко го контролираат своето здравје, бараат помалку стручни совети од здравствени работници и недоволно обраќаат време на своето здравје.

Неопходно е често да се прават прегледи на своето здравје. Па така, мерењето на притисокот може да го правите секој месец, а преглед на видот и преглед на простата еднаш до двапати во две години.

Контактирајте го вашиот лекар за какво било нагло дебелеење, рана што не зараснува, промени во столицата или ненадејно кр-вавење. После 40-тата година од животот многу е важно да обратите внимание на столицата и мокрењето, па дури и за наглото губење на тежината.

Правила на долговечност кај мажи

Хранете се здраво

Јадете што повеќе свежо овошје и зеленчук секој ден, особено сезонски намирници, а кога е можно и органски – одгледувани без употреба на пестициди. Оброците треба да бидат редовни, но порциите треба да бидат помали затоа што не е добро да се прејадувате.

Избегнувајте црвено месо, масна и тешко сварлива храна, преработена храна, готови јадења и брза храна. Јадете што е можно повеќе варена и сурова храна и редовно јадете риба. Намалете го внесот на сол, шеќер и брашно. Внимавајте на внесот на ал-кохол.

Бидете физички активни секој ден

Потребно е да бидете физички активни секој ден или барем четири дена во неделата. Ако не сте спортски тип, воведете некоја форма на активност како брзо одење, пешачење, пливање.

Редовното вежбање исто така дава чувство на удобност и задоволство како резултат на излачениот ендорфин, а тоа ќе ве мотивира да продолжите. Физичката активност, исто како и диетата, мора да биде вашиот постојан начин на живот. Пијте многу вода и билни чаеви.

Одржувајте пожелна телесна тежина

Дебелината е фактор на ризик за сериозни болести и секое губење на вишок килограми е голема придобивка за вашето здравје. Ако ги следите препораките за здрава исхрана и сте физички активни, оваа цел е многу лесна за остварување.

Развијте ја сопствената внатрешна сила

На сите ни треба ментална сила и издржливост на влијанијата на животот и околината што не можеме да ги промениме. За да бидете силни, спијте доволно, имајте здрав ритам на живот и одмор.

Духовната сила може да се развие на многу различни начини: преку молитва, медитација, вежби за дишење и други техники. Не е важно кој е вашиот пат, важно е да работите на себе и да ја зајакнете вашата внатрешна сила.

Избегнувајте лоши животни навики

Редовно консумирање ал-кохол, пушење цигари, недостаток на вежбање, престој во затворени простории, прекумерно изложување на сонце без заштита, лоша исхрана, зло-употреба на лекови – сторете се што можете за да се ослободите од овие навики или барем драстично да ги намалите.

Што се менува по четириесетата година кај мажите?

Поради промени во лачењето на андрогени хормони (тестостерон и андростерон), мажите по 40-тите години понекогаш доживуваат потешкотии како што се нервоза, намалено ли-би-до и проблеми со по-тенцијата.

И покрај тоа што сте сè уште млади, добро е да посегнете по храна богата со цинк и селен. Цинкот е корисен за одржување на нормалното ниво на тестостерон и исто така е важен за нормална плодност и репродукција, а селенот ја зачувува по-тенцијата.

Е ликсир за имунитет, снага и потенција кај мажи – рецепт 

Рецепт на Домашно и Вкусно. Ова е стар, традиционален и прилично заборавен народен лек кој дава сила, енергија и го зајакнува имунитетот. Често начинот на живот може да биде стре-сен со безброј обврски, а оваа лековите мешавина ќе ви помогне да се справите со сите здравствени проблеми.

Одличен е за машкото здравје, тврдат тие што го пробале. Одличен е за физички и психички замор.

Потребни состојки: 350 г багремов мед, 10 мл прополис, 150 г ореви, 2 лажички поленов прав.

Постапка: Се подготвува многу лесно и едноставно. Ставете ги сите состојки во блендер. Најпрво ставете ги оревите да се сомелат заедно со поленовиот прав, а потоа додајте го прополисот и медот.

Блендирајте ја смесата додека да стане хомогена и густа. Потоа складирајте ја во тегла и добро затворете. Консумирајте два до трипати дневно пред оброк, најдобро наутро на празен стомак со дрвена лажица.

За да забележите резултати, потребно е да консумирате најмалку 1 месец. Консумирајте секогаш кога сте уморни, исцрпени, нервозни или ненаспани. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.

Медот е е ликсир на здравјето и долговечноста, а во комбинација со оревите го подобрува имунитетот, го штити мозокот и неговите функции, спречува деменција, го чува срцето, го намалува холестеролот, а ја зголемува силата и го подобрува расположението.

Прополисот е природен антибиотик, познат повеќе од 2000 години кој го зајакнува имунитетот и штити од настинка и грип. Поленот е цветен пчелин прав кој се користи за подобрување на циркулацијата и забрзување на метаболизмот, го зачувува здравјето на простата и кр-вните садови. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска