Главоболката е добро позната за речиси секој канцелариски службеник. Многумина од нас користиме апчиња, а всушност болката произлегува од неправилна положба на вратот. Доколку ја отстраните причината – сите непријатни последици ќе исчезнат само од себе.

Тимот на NMD сака да ви покаже една многу едноставна вежба која ќе ви помогне да ги смирите главоболките, ќе го подобрите памтењето, а вратот ќе ви се врати во нормална положба. Потребно е само редовно да правите една вежба.

Оваа вежба може да ја изведувате и неколку пати во текот на денот. Бројот на повторувања не е ограничен, но треба да имате на ум: колку почесто ја правите, толку побрзо ќе имате резултати.

ПРВ ЧЕКОР

Почетната положба е стоечка или седечка со исправен грб. Рацете ги исфрламе кон назад и ги вкрстуваме пртите.

Ги повлекуваме рацете наназад и ги повлекуваме нагоре. Брадата ја испакнуваме напред колку можеме повеќе. Оваа положба треба да се задржи 30 секунди до една минута.

ВТОР ЧЕКОР

Ги испружуваме рацете напред, ги спојуваме дланките и ги истегнуваме кон напред. Вратот го повлекуваме што повеќе кон назад, но не ја зафрламе главата на грб.

При изведување на вежбата, треба да почувствувате отпор во задниот дел од вратот. Во оваа положба исто така треба да се задржите помеѓу 30 секунди и една минута.

Што ќе се случи ако секојдневно ја изведувате оваа вежба?

-Ќе почувствувате дека се будите од спиење многу поодморни отколку порано.

Згрчените мускули ќе ви се опуштат, па така ќе можете добро да одморите. На овој начин ви е обезбеден цврст и пријатен сон.

-Ќе ви се подобри памтењето и умствените способности

исхраната на мозокот ќе ја обнови крвта и крвта повторно ќе се засити со кислород. Н само што подобро ќе размислувате, туку ќе можете да примите и многу повеќе информации.

-Помалку ќе се заморувате.

Од непријатната положба на вратот не страда само главата, туку и рбетот. Ако го промените држењето, нема повеќе да страдате од непријатното чувство во грбот.

-Главоболката ќе исчезне.

Кога мускулите на вратото ќе започнат правилно да функционираат, повеќе нема да се притискаат нервите и крвните садови. Нивната функција ќе биде обновена – и ќе заборавите на главоболките.

-Вратот ќе ви стане подолг и поубав

Со текот на времето вратот на типичен канцелариски службеник не само што се скратува туку и се збрчува. Со редовно вежбање ќе му помогнете да ја поврати убавината и здравјето.