Само ренот може да излекува упорна и сува кашлица, но и воспаление на бели дробови – запишете го овој лек

Овој народен лек мора да си го запишете и направете го овој природен лек додека ренот сè уште го има на пазарите. Обратете внимание на овој исклучително здрав народен лек од рен.

Поради своите антибиотски својства, ренот со години се користи во традиционалната медицина за лекување на бронхитис, синуситис, кашлица и настинка.

РЕН И МЕД

Потребни состојки:

1 супена лажица рендан рен
3 лажици мед

Постапка:

Една супена лажица свежо изрендан рен се меша со 3 лажици мед. Ова е соодносот, а вие пригответе количина според потребите. Се зема по една мала лажичка 5 пати дневно, на еднакви растојанија. Ефектот на смесата може да го засилите доколку додадете и мала лажичка сечкан лук.

ЧАЈ ЗА НАСТИНКИ И ГРИП

Потребни состојки:

1 супена лажица рендан рен
250 мл врела вода

Постапка:

Ренот изрендајте го или ситно исечкајте го. Една лажица рен прелијте со чаша врела вода и оставете поклопено 5 минути. Пијте по 3-4 шолји чај дневно.

Ренот е растение кое содржи гликозиди, калиум, сулфур и многу витамин Ц. Благодарение на овие својства, може да се користи не само како зачин во многу јадења, туку и за медицински цели. Сигурно сте слушнале дека во буре за кисела зелка се става и малку рен за да ја сочува зелката од расипување, бидејќи не дозволува да се развијат габички и бактерии.

Рен против настинка и грип (како делува)

За да спречите развој на настинка, консумирајте 50 г рендан рен, конзервиран или свежа, секојдневно. Ова е ефикасен третман кој не се препорачува за оние кои имаат желудечни или бубрежни заболувања.

Измешајте рендан рен со мед (односот е 1 лажица рен и 3 лажици мед) и користете го при кашлица или симптоми на астма, но само кога телесната температура не е покачена над 38 степени.

Медот ја омекнува острината на ренот и придонесува за брзо уништување на патогените микроорганизми. Доволно е да се земе една мала лажичка од оваа мешавина 5 пати на ден. Ако сакате да го подобрите дејството на овој лек, додадете малку рендан кромид или лук и 5 лажици вода, а потоа измешајте и користете го како лек.

Претходна статијаГлумицата е “подготвена да си замине”: Објави во кој фустан сака да биде погребана и со која песна да ја испратат..
Следна статијаОвој лек го спаси син ми од инфекцијата на бели дробови – со денови не му се симнуваше температурата