Шенон Доерти (49) ѕвезда од серијата на Беверли Хилс тврди дека е “подготвена да си замине”…

Глумицата во моментов поминува низ тешка борба со неизлечивата болест, а последниве седмици ја запозна јавноста со сериозноста на својата здравствена состојба.

Sвездата на хит серијата од 90-тите “Беверли Хилс 9021” неодамна во јавноста призна дека на своите најблиски им пишува проштални писма и дека снима видео записи. Меѓу другото, таа вели дека пронашла и песна со која сака да биде испратена на “своето последно патување”.

Станува збор за познатата песна на Ерик Клептон “Солзи на небото” која важи за една од најголемите и најтажните балади во историјата на музиката (Ерик Клептон истата ја посветил на својот починат 4-годишен син), а сега таа откри и во кој фустан сака да биде погребана.

Сакам на сите да им останам во најдобро сеќавање…

“Знам во што сакам да заминам на другиот свет. Го спремив фустанот кој го добив од една од најдобрите пријателки пред неколку години. Во овој фустан се чувствувам посебно. Сакам да бидам убава. Сакам на сите да им останам во најдобро сеќавање.

Се трудам последниве месеци да ги поправам некои од нарушените односи, да им се извинам на сите што сум ги повредила – свесно или несвесно. Настојувам да живеам со “полна пареа” и да уживам во ова малку време кои ми преостана”, рекла глумицата за американските медиуми. Иако изјавила дека е среќна и спокојна, открила дека истовремено е тажна и преплашена.

“Се плашам, секако дека се плашам. Не знам што ме чека кога ќе издивнам и каде ќе замине мојата душа. И тажна сум, тажна, бидејќи нема да можам уште да ги гледам моите пријатели, да се дружам со нив, да ги љубам и прегрнувам. Но, тоа е животот. Мора да прифатите сè што ви носи – и добро и лошо”, заклучила таа.

Да се потсетиме, глумицата се наоѓа во својот четврт и последен стадиум на карцином на дојка, кој веќе го победи пред неколку години, но болеста, за жал се врати пред неколку месеци.