Home зимница Салата во тегли од зелка, морков и карфиол…Колку дози и да направам,...

Салата во тегли од зелка, морков и карфиол…Колку дози и да направам, секогаш се малку…

Многу вкусна салата полна со витамини и минерали, за сладење цело зимо! Рецептот го сподели нашата драга читателка во групата на НМД рецепти. Фотографија и рецепт на Благица Баба Буки Ивановска

Потребни состојки:

2 кг карфиол,
2 кг зелка,
1 кг морков,
200 г шеќер,
400 мл масло,
120 г сол,
350 мл оцет,
1 лажица мелен црн пипер и
2 филџанчиња вода

Постапка: 

Зелката ситно се сечка, морковот се ренда а карфиолот се ситни на цветчиња. Откако вака ќе се подготви се става во длабоко тенџере додека се подготвува солилото.

За солило: сите состојки освен оцетот се ставаат на оган да зоврие, се меша за да се растопат солта и шеќерот, па веднаш пред полевање на зеленчукот се дотура и оцетот.

Со вака подготвеното солило се попарува сечканиот зеленчук и се остава да отстои 4 часа. Потоа се собира во тегли и се затвора. Кој ја правел оваа салата, знае колку е убава и вкусна.

Фотографии и рецепт на Благица Баба Буки Ивановска

Фотографии и рецепт на Благица Баба Буки Ивановска