ПОСЕН КОЛАЧ БЕЗ КАПКА МАСЛО, погоден за пост на вода, сочен, вкусен, мек и миризлив

Колачот иако нема масло, многу е вкусен и сочен, мек и миризлив. Ќе го правите и кога не постите.

Потребни состојки:

3 банани

2 јаболка

4-5 лажици суво грозје

1 портокал

10 лажици сомелни овесни снегулки

10 лажици бело брашно

1 ванилин шеќер

1 прашок за печиво

1 лажичка сода бикарбона

Малку цимет

1 лажичка оцет

3 лажици какао

350 мл вода

5 лажици шеќер

2-3 лажици гриз

Шеќер во прав за наросување

Деталите погледнете ги во видеото: