САЛАМА ОД КОКОС ЗА 10 МИНУТИ

Потребни состојки:

150 г бисквити

150 г кокос

50 г путер

200 г шеќер

100 мл млеко

Глазура:

120 г чоколадо за готвење

50 г путер

2 лажици масло

Постапка:

1.Бисквитите смелете ги.

2.Додадете ги останатите состојки во блендер и заедно измиксајте ги до изедначување.

3.Од добиената смеса формирајте салама (4 х 20 см)

4.Стопете го чоколадото, додадете путер и масло, па прелијте преку саламите.

5.Оставете чоколадото да се стегне, па сечете на парчиња.

Се чува во фрижидер.

coolinarka.com

Претходна статијаЗа три дена исчистете го замастениот црн дроб со оваа природна смеса
Следна статијаОдлична салата која може да се јаде секој ден