Замастениот црн дроб е многу поопасен од што многумина си мислат, па откако на лекар ќе им ја соопштат оваа дијагноза, тие сметаат дека не е ништо страшно и дека ќе си помине само од себе.

Меѓутоа, оваа состојба може да доведе до сериозно оштетување на црниот дроб – цироза.

Стеатозата е многу честа, а кај подебелите луѓе е застапена со 75%. Поголемиот број пациенти кои имаат замастен црн дроб немаат никакви симптоми, но како што напредува болеста може да доведе до создавање на лузни на ткивото, при што органот се намалува и стврднува (оваа состојба се нарекува цироза).

Цирозата напредува бавно, повеќе години и на крај може да доведе до развој на малигна болест или карцином на црниот дроб или до комплетно откажување на овој орган.

Затоа уште веднаш започнете да го консумирате овој напиток кој многу ќе ви помогне:

Потребни состојки:

½ портокал – исцеден сок, околу 60 мл

60 мл маслиново масло

½ лажица свеж ѓумбиров корен, сомелен (околу 2-3 см корен)

½ лажица лук сечкан ситно

Постапка:

Прво излупете го лукот и исечкајте го, за да има време да оксидира.

Потоа исцедете го сокот.

Исечкајте го ѓумбирот ситно или смелете го.

Во блендер ставете ги сите состојки заедно со маслиновото масло и миксајте додека смесата да побели и да се изедначат состојките.

Пијте го навечер, три дена по ред.

Со овој напиток освен што се чисти црниот дроб,  се регулира и исфрлањето на течности од организмот, помага при разни проблеми со мочниот меур, го помага празнењето на цревата и исфрлањето на токсините од организмот.

Кога имате замастен црн дроб се препорачува диетален режим на исхрана, при кој мора да се одбегнуваат алкохолни и газирани пијалаци, масна и зачинета храна, како и престанок на пушењето.