Одлична салата која може да се јаде секој ден

Потребни состојки:

350 г тестенини

100 г кисели краставички

1 црвена пиперка

1 зелена пиперка

1 мала , најмала конзерва пченка

1 ½ кесички мајонез

1 чашка кисела павлака

150 мл слатка павлака за готвење

100 г кашкавал

100 г шунка

Сол, црн пипер

Постапка:

Тестенините згответе ги, процедете и изладете.

Краставичките, пиперките, кашкавалот и шунката исечкајте ги на помали коцкички.

Додадете ги останатите состојки.

Добро промешајте, изладете и сервирајте.

Тестенините впиваат голем дел од течноста, па ако е потребно додадете уште хопла откако ќе се излади салатата, па промешајте уште еднаш пред сервирање.

Претходна статијаСАЛАМА ОД КОКОС ЗА 10 МИНУТИ
Следна статијаКога им ја сервирав питата на гостите сите беа воодушевени и бараа рецепт. Има една тајна во приготвувањето!