Ружички од компир и сланина – декоративно, вкусно, за сите пригоди

Потребни состојки:

12 ленти сува сланина со должина од 16 см и широчина околу 4 см

2-3 потесни а подолги компири

100 г песто сос

50 г пармезан

100 мл масло

Сол, црн пипер

За прелив:

2 јајца

2 лажици неутрална павлака

Постапка:

1.Компирот исечете го на што потенки тркалезни листови, па ставете го во сад за мешање. Ако имате ренде, компирот сечете го на дебелина од 2 мм.

2.Прелијте со 100 мл масло и додадете сол и црн пипер, па убаво, внимателно промешајте.

На работна површина поставете две ленти сланина со вкупна должина од 30 см.

4.Врз лентата редете тркалца компир така што ќе се преклопуваат на половината.

5.Премачкајте со песто сос и наросете со пармезан.

6.Сето заедно убаво свиткајте со помош на двете раце, па добиената ружичка ставете ја во калап за печење на мафини.

7.И така шест пати.

8.Прелијте со смесата која ја направивме со изматени јајца и две лажици неутрална павлака.

9.Отприлика на секоја ружа се ставаат по две лажици.

10.Наросете уште малку пармезан и печете 30 минути во загреана рерна на 200 степени.

Coolinarika.com

Претходна статијаТопчиња од компир – вакво нешто прекрасно не сте пробале
Следна статијаСе разболев од грип, лековите не ми помагаа – ова ме спаси и ме подигна од постела