Сите ние најчесто трчаме до најблиската аптека штом ги почувствуваме првите симптоми на настинка или нè мачи главоболка. Меѓутоа, постои подобар, поприроден и поевтин начин…

Кристал Дејвис од Австралија, го споделила со сите нас своето неверојатно искуство. Имено, пред една година тешко се разболела од грип, а лековите од аптека не и помагале, па се обидела со нешто во што ни самата не верувала, но – се случило чудо. Еве што напишала:

„Пред една година тешко се разболев од грип. Лековите од аптека не беа ништо посебно ефикасни. Една жена ми препорача да пијам топла вода со мед и лимон секое утро. Секако, реагирав скептично на нејзината препорака, но сепак ја послушав. Грипот постепено помина, меѓутоа, овој напиток почна да ми се допаѓа.

Почнав да го пијам секое утро и таа традиција трае веќе година дена. За тоа време мојот организам почна да се трансформира на целосно неочекуван начин. Еве што се’ се промени кај мене:

-За една година ниеднаш не настинав.

-Повеќе не ме мачат болки во желудник.

Треба да напоменам исто така, дека никогаш не сум верувала во силата на народната медицина. Бев роб на аптеките и медикаментите. Кога ќе ме заболеше стомак – пиев таблети. За хроничниот умор пиев суплементи и витамински таблети…Се надевам дека ме разбравте.

За цела година дури не кивнав ниту еднаш. Моите главоболки се минато. Сега овој напиток си го носам каде и да сум тргнала, го пијам дури и во хотели. Повеќе не консумирам утринско кафе и многу лесно се будам.

Мојот лимонско-меден коктел ме ослободи од зависноста на кофеинот. А заедно со тоа и од главоболките. Сега имам многу повеќе енергија во текот на денот. Одлично сум наспана и наутро сум насмеана.

Порано, за да се разбудам убаво ми беше потребен речиси цел еден час. Сега повеќе не сум нервозна и не им привикувам на домашните. Имам заборавено како е да се разбудиш нервозен и половина од денот така да го поминеш – напнато и нервозно.

И моите најблиски станаа поздрави, па тоа е и најголемата награда.“