Пченкарна пита со сирење, едноставна за приготвување, а нежна, сочна и многу вкусна

Оваа пита многу едноставно се приготвува, а вкусна е и многу сочна. Можете да ја приготвите со сечкан спанаќ или блитва со сирење или на класичен начин, како што е прикажано во рецептот.

Со јогурт, кисела павлака и малку салатичка, ќе имате фин и лесен оброк. Се надевам дека ќе ви се допадне. Во рецептот за мерење на состојките се користи шолја од 150 мл.

Потребни состојки за кора:

1 шолја (од 150 мл) брашно
1 прстофат сол
½ шолја вода

за фил:

3 јајца поголеми
1 шолја масло или растопен путер
1 шолја јогурт или кисело млеко
1 шолја обично млеко
1 шолја палента
½ шолја гриз
300 г свежо сирење
1-1,5 лажичка сол
1 лажичка прашок за печиво

Постапка:

Трите јајца со 1,5 лажичка сол изматете ги со жица за матење. Се посолува во зависност од сирењето или по вкус.

Во јајцата додадете 1 шолја растопен путер и 1 шолја јогурт, па промешајте да се изедначи. Во смесата додадете 300 г ситно сирење.

Додадете една шолја палента и половина шолја гриз. Доколку немате палента, тогаш може да користите обично пченкарно брашно, но во тој случај количината на гризот зголемете ја на1 шолја.

Исто така, во смесата додадете и една лажичка прашок за печиво и една шолја млеко, па убаво промешајте со жицата за матење за да се изедначи. Смесата оставете ја 10-тина минути да одмори за да набубри гризот и палентата.

За кора: Една шолја брашно, прстофат сол и приближно половина шолја вода измешајте и замесете тесто кое не се лепи. Обликувајте топче, завиткајте го во кеса и оставете го да одмори 10-15 минути.

Тепсија со пречник 30-32 см премачкјате ја со путер или масло и тргнете ја на страна, а рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени.

Тестото со помош на оклагија развлечете го на набрашнета површина, да добиете кора која е малку поголема од тепсијата.

Кората наросете ја со масло, полека подигнете ја и ставете ја преку тепсијата. Малку растегнете ја од страните, да биде подолга за 10 см од тепсијата.

Внатре во кората истурете го целиот фил за питата и убаво распоредете го. Потоа преклопете ја питата со кората што виси од страни. Одозгора премачкајте ја со масло и ставете да се пече во загреаната рерна околу 15-20 минути.

Печената пита додека е врела прелијте ја со малку растопен путер и течна павлака (околу 10 лажици). Поклопете ја со друга тепсија и оставете ја неколку минути да омекне. Ако ја сакате питата крцкава, тогаш овој чекот прескокнете го. Деталите околу постапката можете да ги погледнете во видеото:

Претходна статијаРучек за десетка: РОЛАТ ОД ТИКВИЧКИ вкусно, прсти да излижеш
Следна статијаРучек за целото семејство кое ќе ги освои вашите стомаци по првиот залак – компир и пилешко на нов начин