Ако немате идеја што да приготвите за утрешниот ручек, еве еден одличен рецепт за вкусно јадење. Ролатот можете да го послужите самостојно или да го сервирате како предјадење за некоја пригода.

Потребни состојки: 2 јајца, 4 лажици масло, 2 лажици кисела павлака, 1 тиквичка, 2 лажички сол, 1 лажичка црн пипер, 3 лажици брашно, 200 г кисела павлака, 100 г, тврдо сирење, магдонос и шунка

Постапка: Во еден сад разматете ги јајцата, потоа додадете масло, кисела павлака, изрендана тиквичка и исцедена од вода, сол, црн пипер и брашно. Добиената смеса излејте ја во плех обложен со хартија за печење, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.

Испечената кора префрлете ја врз хартија, свиткајте во ролат и оставете да се лади. Во еден сад ставете кисела павлака, рендан кашкавал или сирење и ситно сечкан магдонос (или сув). Убаво промешајте за да се изедначат состојките, па рамномерно распоредете врз кората. Одозгора наредете тенки листови од шунка.

Повторно свиткајте го ролатот и оставете во фрижидер еден час добро да се олади за подобро да се сече. Деталите од постапката на приготвувањето можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.