Многумина што го испробале овој природен лек, рекле: “Па ова е неверојатно, делува веднаш, грлото веќе не ме боли, па ова треба во аптека да го продаваат, на рецепт да оди!”

Куркумата и медот како лек, уште позната како златна мешавина, преставуваат многу моќна комбинација – природен антибиотик. На оваа основа може да се додаваат и други лековити состојки за забрзување и зголемување на неговата ефикасност.

За разлика од синтетичките антибиотици, комбинацијата од куркума и мед дава природен лек кој не ја оштетува цревната флора. Напротив, придонесува за подобра работа на цревата и подобрување на цревната флора.

Мешавината од куркума и мед го стимулира одбранбениот систем, го штити телото од разни болести и помага во лекување на респираторни инфекции. Овој антибиотик многу едноставно се приготвува и има одличен вкус.

Потребни состојки: 1 полна лажица куркума и 100 г мед.

Постапка: Убаво се мешаат состојките до изедначување. За побрза апсорпција на куркумата може да додадете малку кокосово или маслиново масло и прстофат црн пипер.

Оваа мешавина се користи за превенција од настинки, но и за олеснување и лекување на симптомите. Смесата може да се додава во млеко или чај.

ДОЗА: Во случај веќе да сте настинале, златниот мед се користи на следниот начин: првиот ден по половина лажичка на секој час; Вториот ден – половина лажичка на секои два часа: Третиот ден – половина лажичка три до четири пати дневно.

Напомена: Во случај да боледувате од хемофилија, хипертонија или дијабетес, потребно е претходно да се консултирате со вашиот лекар, бидејќи куркумата може да го намали нивото на шеќер во крвта и да ја разреди крвта. Посебно треба да бидат внимателни лицата кои боледуваат од жолчно кесе, бидејќи куркумата доведува до контракции на мускулното ткиво од жолчната кеса.

За сите што не смеат куркумата да ја консумираат: Доколку ве боли грло, доволно е во една чаша вода да растворите една лажичка куркума, па со оваа течност да правите гаргара повеќепати во текот на денот.

Куркумата и медот за грло и бели дробови го претставуваат светиот грал на оздравувањето. Одличен избор за луѓе кои настинале и се лекувале со антибиотици, без поголеми резултати. Антибиотиците се ефикасни и без нив не може да се замисли современото здравствео, меѓутоа, потребно е да се намали нивната употреба за да се стекне резистентност, односно отпорност на нив.

КУРКУМА, ЃУМБИР И МЕД

Одамна е познато дека ѓумбирот делува како антибиотик. Помага во борба против инфекции, воспаленија, мачнина, ја подобрува циркулацијата и го чисти организмот.

100 мл мед, 4 лажички ѓумбир, 2 лажички куркума и 1 лимон – сок

Измешајте ги сите состојки, а потоа вкусете дали е потребно да додадете уште малку куркума или ѓумбир. Чувајте затворено во тегла, во фрижидер. По потреба, ставете 2 лажички во вашиот омилен чај или разматете во топла вода.

Освен што има добар вкус, куркумата, медот и лимонот со додаток на ѓумбир, ќе ви помогне да ги ублажите респираторните инфекции и да го зајакнете имунитетот.

КУРКУМА И МАСЛИНОВО МАСЛО

Кај најтешки заболувања се препорачува консумирање на куркума, маслиново масло и црн пипер.

Потребни состојки: ¼ лажичка куркума, ½ лажичка маслиново масло, 1 прстофат црн пипер во прав.

Постапка: Измешајте ги сите состојки. Смесата можете да користите како лек или да ја користите како додаток на јадењата. Се препорачува секојдневно консумирање.