Овојпат за билката со прекрасен мирис и лековити својства ни пишува билкарот Мартин Најдовски, а доколку имате дополнителни прашања, ќе можете да му ги поставите на неговата страница Лилма.

Мајкината душица (lat. Thymus serpyllum) е една од познатите билки која речиси секој човек ја има пробано. Таа обично расте на ридски предели, на песокливи и каменести места, може да се најде и е достапна покрај патишта, ридови и на каменести места во шумите.

Постојат две врсти на мајкина душица и тоа виолетова и бела мајкина душица. Виолетовата (лилава) е полековита и со посилен мирис. Старите Словени оваа билка ја посветиле на “Големата Мајка”, божицата на плодноста, па оттука доаѓа и нејзиното име. Правилното име и оригиналното име е “Мајкина душица” меѓутоа меѓу народот е позната под различни имиња како мајчина душица, мајчина душичка и слично…

Мајкината е одлична против настинки и грипови, помага кај кашлици, како лек за испирање рани особено рани кои тешко зараснуваат, како средство за релаксација и смирување на нервите, при болки и грчеви на матката, кај нередовен менстуален циклус, лекува цревни паразити, помага кај воспаление на бешиката и влегува во состав на мојот лек за слабокрвност и леукемија.

Чај: 1 супена лажица се попарува со 250 мл вода. Отстојува поклопено 20 мин и се пие по 2-3 шолји на ден.

За испирање на рани: исто се приготвува чај и со тој препарат се измиваат раните. Нашите стари тврдат дека ако се исечеш со билката Повит (таа е слична на бршленот, паразит, се плете по дрва и огради, ако пробаш да ја скинеш од што е толку силна и отровна може да отвори рана која не зараснува) и само со чај од мајчина душица може успешно да го излечи истото.

За инхалација: 2 супени лажици билка се ставаат во 500 мл зовриена вода, со ова се инхалира. Оваа инхалација помага за разредување на слузта во белите дробови.

Лек кој помага за смирување на секаков вид на алергија, особено на прашина и полен. Може да се земе и кај застарена бронхијална астма и може да се зема кај пушачка кашлица односно кашлица предизвикана од пушење: 20 грама лист од подбел и 20 грама мајкина душица.

Се мешаат и од оваа комбинација се земаат 2 супени лажици и се полеваат со 500 мл зовриена вода. Отстојува 20 мин и се пие 2-3 пати дневно. Се пие 2 недели па се прави пауза од 1 недела и по потреба се повторува.

За нередовен циклус: 3 супени лажици мајкина душица, 3 супени лажици жалфија и 1 супена лажица тегавец. 2 супени чажици од смесата се прелеваат со 500 мл зовриена вода, отстојува 20-30 мин поклопено, се процедува и пие по 2 шолји на ден.

Тинктура: 100 грама билка на 1 литар ракија домашна. Стои 21 ден, се цеди и се зема по 20 капки разматени во вода, 3 пати на ден.

Напомена: Мајкината душица е контраиндикативна кај доилки и бремени жени, особено не смеат да ја пијат доилки бидејќи им го згрутчува млекото. Стоката инстиктивно ја одбегнуваат и не ја пасат оваа билка бидејќи млекото им го згрутчува.

Пишува Мартин Најдовски.