Рецептот на д-р Ричард Шулц: Билна формула за подобрување на циркулацијата и спречување на инфаркт

Оваа формула содржи лута пиперка. Производот на д-р Шулц ја содржи Скорпион пиперката која е втора во светот по единици лутина, но вие можете да ја приготвите со било која лута пиперка. Колку полута – толку подобра ќе биде тинктурата.

Потребни состојки:

-лута пиперка capsicium annuum
-домашна ракија 40% алкохол

Постапка:

Наполнете ¾ стаклен сад со исечкана лута пиперка. Потоа дополнете го садот со 40% алкохол. Затворете го добро садот и убаво протресете, а потоа додадете уште малку алкохол доколку е потребно.

Процедете ја смесата низ чист памук после 14 дена. Складирајте во стаклено шише и обележете го тоникот и датумот кога сте го произвеле.

Loading...

Колку можете почесто протресувајте го тоникот, најмалку еднаш дневно. Пиперката е најдобро да биде свежа, а сува пиперка користете само во исклучителни ситуации кога ви е итен производот.

Тоникот се чува на темно и ладно место.

КАКО ФУНКЦИОНИРА ОВАА ФОРМУЛА

Оригиналната формула содржи лута пиперка Trinidad Moruga Skorpion, која р втора најлута пиперка на светот има во просек 1.200.000 SHU (единици лутост), веднаш зад најлутата пиперка на светот Carolina Repens (во просек 1.600.000 SHU).

Trinidad Moruga Skorpion има силни фитохемикалии капсаицин и олеоресин, кои се само некои од активните состојки. Лутата пиперка е најголема билна помош за циркулација и може да се користи секојдневно.

Не постои ниедна друга билка која го поттикнува протокот на крвта така брзо и силно. На крајот од краиштата, ниту една друга билка не дава црвена боја на вашето лице како лутата пиперка (поради крвта).

Се користи за подобрување на здравјето на срцето и функцијата на мозокот, како и за одржување на здрави зглобови. Оваа билка, низ историјата е користена од бројни билкари, па некои ја додаваат во речиси секоја билна мешавина.

Нема подобра билка од лутата пиперка која може така брзо да ве подигне и драматично да го подобри вашиот крвоток и лимфоток, кој едноставно чисти, освежува и го лекува заболеното подрачје.

Лутата пиперка која се користи за овој течен екстракт има минимум 800.000 SHU и максимално до 1.600.000 SHU. Оваа формула е пожелна и погодна за примена во итни случаи.

НАЧИН НА УПОТРЕБА

Од 70 капки 3 пати дневно, па до 140 капки, 5 пати дневно. Поради исклучително големата лутина, на почетниците им се советува доза од 20 капки 3 пати дневно, а потоа постепено да се зголемува дозата за да може организмот да се привикне на активните состојки.

Се пие со вода, цеден сок или млак чај. Се промешува пред употреба.

Доколку земете количина која ви го иритира желудникот (икање, печење и сл.), испијте 200-300 мл чиста вода. Измијте ги рацете после употребата.

Рецептот за читателите на НМД го преведовме од книгата Лекување на неизлечиви болести од д-р Ричард Шулц.

Loading...