Принцес крофни, моите омилени – Порано не ми успеваа, но сега знам една тајна и супер излегуваат

Овие колачи некогаш беа мојата најголема готварска трагедија, затоа што бев нетрпелива и постојано ја отворав рерната додека тие се печеа. Но, ја научив тајната за принцес крофните, а истото важи и за еклерите, дека не треба да се отвора рерната додека не бидат испечени.

Потребни состојки:

250 мл вода
125 г маргарин/путер
150 г брашно
1 лажица шеќер
1 прстофат сол
4 јајца

За крем:

500 мл млеко
250 г шеќер
2 жолчки
4 лажици густин
2 ванилин шеќер
125 г маргарин/путер

Loading...

и уште: 300 мл слатка павлака

Постапка:

Во еден сад ставете вода, путер, шеќер и неколку зрна сол, па ставете да се свари. Кога ќе проврие истурете го брашното и мешајте додека да се создаде еднолична смеса. Оставете ја на страна да се очади целосно.

Јајцата изматете ги и постепено додавајте ги во изладеното тесто додека постојано матите со миксерот.

Ако немате миксер со продолжетоци за тесто, тогаш додавајте ги јајцата едно по едно и месете го со рака.

Кога смесата ќе се изедначи, со помош на шприц ставајте крофни на намастен плех или обложен со хартија за печење. Не смеат да бидат преблиску, затоа што ќе нараснат.

Рерната загрејте ја на 200 степени, па кога крофните ќе се стават, намалете на 180. Печете ги додека да заруменат, околу 40 минути.

Во текот на печењето не смее да се отвора рерната!

За крем: Во малку ладно млеко разматете жолчки и густин, а останатото млеко, шеќер и ванилин шеќерот ставете ги на оган. Кога ќе зоврие додадете ја разматената смеса со густинот и мешајте додека да се згусне.

Во изладениот крем додадете разматен путер и заедно убаво изматете ги со миксерот.

Изладените крофни пресечете ги на половина и филувајте ги прво со кремот, а потоа со изматена слатка павлака, па поклопете со горниот дел од крофната. Наросете со шеќер во прав.

Loading...