Рецепт: Добрила Гледиќ

Дивиот костен не е за јадење, но со оглед на тоа дека сега го има речиси во сите паркови, еве еден рецепт за болки во зглобови:

-Соберете див костен колку што можете повеќе. Убаво измијте го, па истолчете го заедно со кората. Не со онаа зелената надворешна која се отвора, туку само кафеавиот тврд костен.

Вака искршениот костен ставете го во стаклено шише или тегла и наполнете ја до половина. Потоа долејте добра силна ракија сливова или комова.

Добро затворете ја теглата/шишето и оставете ја да отстои на собна температура 40 дена со повремено протресување.

Најтешкиот дел е ситнењето на костенот, бидејќи е доста цврст.

После 40 дена можете да ги масирате болните места, а навечер натопете газа или крпа, па ставете како облога на болното место, а преку крпата фиксирајте со проѕирна фолија за да не се валка постелнината. Верувајте ми дека помага, испробано. Јас никогаш не се оставам без овој лек.

Испробано помага, ја обновува рскавицата. Не смее да се пие, ова средство е само за надворешна употреба. На сличен начин се приготвува и тинктурата за вени и болни нозе, за кои костенот може да стои и нешто пократко време, но најмалку 21 ден.

Овој рецепт го добив од еден господин кој го излекувал коленото и станал од количка, а требало да оди на операција. Јас го испробав и се уверив дека делува, само треба упорност и редовност. Презадоволна сум и затоа на сите им го давам рецептот.