Рецептите на Отец Гаврил за многу болести

Бидејќи отец Гаврил пораснал во време кога лекарите биле реткост, а медицината се’ уште неразвиена, тој од својата мајка и баба научил, па и самиот во текот на животот, како да примени традиционално лекување кога ќе се разболи.

Лековите кои тој ги применува најчесто се билковни чаеви, но секогаш со претходна молитва.

Тој и денес, кога медицината е современа, верува дека човекот многу болести може да ги излекува со чаеви, бидејќи лековитоста на билките се’ уште не е испитана доволно.

Говорел дека често и самите пророци предвидувале дека луѓето ќе умираат од тешки болести, без да знаат дека лекот за сите болести е насекаде околу нив, дека газат по него.

Loading...

Совет од монахот Гаврил: Кога постои некоја рана, кога ќе се исечете а раната тешко заздравува или слично, земете млад плечин восок, загрејте го колку да се растопи, па во него додадете исчекани билки: кантарион, ајдучка трева, тегавец, мајчина душичка, и сето тоа измешајте го во загреаниот восок. Не смее да зоврие бидејќи билките ќе го изгубат лековитото својство.

Тој восок се става на чиста газа и како млака облога се нанесува на раната, да се опфати по цела широчина.

Преку тоа се става уште една марама и цврсто се преврзува за да остане восокот на свое место. Се остава 24 часа да делува врз раната, па се повторува по некој ден за да може раната сама да се исчисти а воспалението да се повлече. Кога некоја рана гнои или црвенее или се појави чир, веднаш се става лист од подбел и тегавец.

Овие мевлеми се добри и за лекување на лишај, егземи и изгореници, бидејќи кантарионот има својство да ги чисти инфекциите, ги убива бактериите, габичките и ја дезинфицира раната. Исто така, младиот восок има моќ да лекува и да го забрзува исцелувањето на раната.

Кога ќе заболи окото и се појави црвенило, од студ или инфекција, монахот Гаврил советува дека треба да се свари чај од камилица, па во малку млак чај да се растопи малку мед и малку шеќер, па со тоа да се натопи чиста ткаенина или газа, па да се стави на око.

Ткаенината треба да биде влажна и од неа да се цеди течност која ќе навлезе во окото. Колку подолго се носи на окото, најдобро преку цела ноќ (да се фиксира со марама) толку побрзо ќе исчезнат црвенилото и инфекцијата.

Кога дете или возрасен човек има температура, не смее да се чека таа да стане повисока од 40 степени, бидејќи може да настане оштетување на мозокот и други компликации, туку веднаш да се примени рендан компир во чорапите – задолжително да се прекријат прстите и згобовите на нозете.

Се остава да делува околу 20 минути, па се повторува постапката.

Исто така, на белите дробови ставете крпа натопена со млака лута ракија, најдобро комова, па преку крпата се става пешкир за да не се излади брзо и така се остава околу половина час.

Исто така, на слепоочниците можете да ставите парчиња лимон или лист од смекната зелка, со што ќе се спречи тополотен удар на мозокот. Треба да се пие чај од кантарион, липа, нане, маточина, мајчина душичка. Ова, според монахот Гаврил, е добар начин за да се симне температурата без да остави последици.

За болести на бубрезите и мочниот меур:

За болести на бубрезите и мочниот меур, најдобро е да се пие чај од бреза, свила од пченка и задолжително чај од лист од круша. Во врела вода ставете една лажица листови од круша и поклопете. Нека отстои половина час, па пијте почесто по една шолјичка.

За неколку дена воспалението ќе се повлече. Исто така, магдоносот е препорачан како одличен за чистење на бубрезите и мочниот меур, па дури, пожелно е да се пие секојдневно, бидејќи ја јакне крвта и го чисти црниот дроб.

Монахот Гаврил препорачува и чај од кантарион, бидејќи ја помага дигестијата, му дава отпорност на организмот, помага за зарснување и обновување на ткивото. Добар е за нервите, ги јакне нервните клетки, опоравува од стрес, а слично е и со босилекот кој пред се’ дава подобар сон и делува смирувачки.

При проблеми со варењето, монахот Гаврил советува чај од мајчина душичка помешан со кантарион, турска трева и маточина. Вака приготвениот чај се пие горчлив, бидејќи ја чисти слузокожата на желудникот и го помага варењето на храната. При дизентерија советува топол чај од лист од дуња.

При бронхитис, ги советува горенаведените чаеви, но и задолжителен слез. Тој е добар и за искашлување. Пијте што потопло млеко со карамелизиран шеќер или варено вино.

При болести на срцето монахот Гаврил советува: семките од праска или кајсија искршете ги, и нивните јатки јадете ги неколку дена бидејќи во нив има нешто што му помага на срцето, го храни срцевиот мускул.

Тој говорел дека затоа овие јатки имаат облик на срце. При слабокрвност советувал да се пие сок од капини или млади врвови од коприва.

Кога децата се нежни и бледи, советувал да пијат по мала чашка домашно вино и да јадат грозје, бидејќи тоа му дава сила на човекот. Исто така, треба да се испие сок од цвекло или да се јаде како салата, што ќе ја подобри крвната слика.

Чајот од жалфија помага за намалување на високиот крвен притисок но и за сите стомачни тегоби, ја помага дигестијата, при воспалена слезена, жолчка, а ја помага и работата на цревата.

За закрепнување на нервите советувал лек составен според рецептот: 500 грама мелени ореви измешајте со 1 кг шеќер и 1 кг мед. Потоа половина килограм морков ситно изрендан и 2-3 лимони со рендана кора и исцеден сок.

Во сето тоа се додава и 50 грама рен. Се зема пред секој оброк, а подобрувањето ќе се забележи веднаш по само неколку дена од консумирањето на лекот, кој е одличен за анемија.

При реума советувал да се става облога од сено врз болните зглобови: сеното се потопува во врела вода, се остава да отстои, па водата се процедува. Се натопуваат крпи и се ставаат на болните зглобови.

Се повторува често, но болките значително се намалуваат или целосно исчезнуваат. Тогаш е добро зглобовите да се мачкаат со млака комова ракија во која претходно се ставил рен да отстои неколку дена.

Отец Гаврил советувал за целокупното здравје да се јадат смрекинки и дренки, никогаш да не се пие студена вода кога сте уморни или задишани, а испотен човек никогаш да не се измива веднаш.

(Текст од книгата “Старецот Гаврил-Пророкот од последното време”)

Loading...