Монахот Гаврил растел во време кога лекарите биле реткост, а медицината сè уште била неразвиена. Тој научил рецепти за природни лекови од неговата мајка и баба, а овие препарати се покажале како многу ефикасни кога некој ќе се разболел. Тој советувал дека при применувањето на традиционалните третмани со лековити билки при лекување на разни состојби, секогаш е потребна и претходна молитва, за со сигурност болестот да биде излечена.

Тој советувал дека може да лекуваат многу болести со консумирање на чаеви, бидејќи како што велел тој, лековитите својства на билките сè уште не се испитани во целост, а имаат бројни лековити својства. Тој често го цитирал Тарабиќ кој велел дека „луѓето ќе уми-раат од сериозни болести, но никогаш нема да разберат дека лекот всушност, е насекаде околу нив.“ Тоа се лековитите тревки и билки кои најчесто ги газиме и не ги распознаваме доволно.

Во книгата напишана за него ,,Монах Гаврило, пророкот на сите болести” напишана од монахињата Макрина Мајсторовиќ, ги пренесува советите на Гаврил кои и денес се применуваат насекаде во светот.

Кога имате некоја отворена ра-на, потребно е да земете чист пчелин восок претходно загреан за да се стопи, но не и да зоврие, а потоа во него се додаваат ситно сечкани билки како цвет од кантарион, амброзија, ајдучка трева, мајчина душица и сето тоа се меша во растопениот восок и малку се загрева, но не смее да се вари, за билките да не ги изгубат лековитите својства.

Овој восок се става на чиста газа, а потоа се остава малку да се подизлади па се става директно на раната. Одозгора се става друга крпа и се врзува цврсто, така што восокот останува зацврстен на раната.

Газата се остава да делува преку ноќ, а следното утро се става нова газа со топол восок. После 2 дена раната целосно ќе се излечи. Восокот го забрзува процесот на лекување на раната, го извлекува воспалението и помага да не се создаде лузна на местото на раната.

Исто така овие мевлеми се добри за израснати лишаи и набори на кожата (се мисли на егзема), лекуваат изгореници. Вососкот во комбинација со кантарионот има способност да прочисти од инфекции, да ги уништи габичните бактерии и да ја дезинфицира раната.

Исто така, тој советува кога ве боли окото и доколку ви се појави црвенило, тогаш направете чај од камилица, а потоа додадете малку мед и малку шеќер во чајот, а потоа натопете чисто марамче или газа и ставете ја на окото. Газата треба да биде млака, а при натопувањето треба да се исцеди, да остане само влажна. Потоа легнете на кревет и држете ја газата неколку часа. Гаврил советува дека црвенилото по кратко време ќе исчезне и болката ќе ја снема.

Кога детето или возрасен има треска не смее да дозволите температурата да се искачи до 40 степени, бидејќи може да настане оштетување на мозокот, нервите, белите дробови. Штом забележите дека температурата на вашето дете постојано расте  изрендајте неколку компири и распоредете ги на неговите нозете. Се става на стапалата, прстите и глуждовите завиткани во крпа.

Оставете компирите да ја извлечат температурата 20 – 30 минути, а потоа постапката се повторува и се ставаат нови компири на нозете. Од вториот слој, температурата ќе се намали бидејќи компирот има можност да извлече температура од телото.

Во исто време, на градите на детето ставете млака крпа натопена во топла ра кија, а над таа крпа ставете уште една сува крпа. Лековитата ра кија ќе го извлече воспалението од белите дробови и грлото и ќе спречи создавање на трајни лузни.

Се става и газа на главата со неколку парчиња сечкан лимон или лист зелка, така што листот малку се омекнува со вода и се става на челото за да се олади протокот на к-рв во вратот и главата.

Се препорачува во исто време да пиете чај од липа, нане, мелиса или мајчина душица. Следете ги овие чекори, а температурата ќе ја снема за половина час. Затоа, не дозволувајте зголемување на температурата и ризик од настанување последици, сè додека не дојдете на лекар, да ја утврдите причината за високата температура.

Тој советува дека за болести на бубрезите и мочниот меур, најдобро е да пиете чај од бреза, чај од пченкарна свила и чај од лисја од круша. Сварете ги во топла вода,  ставете еден грст од споменатите билки и поклопете. Потребно е чајот да отстои поклопен половина до еден час, а потоа се пие по една чаша ден, 10 – 15 денови по ред. Листот од круша е најсилниот лек за лекување на инфекции на мочниот меур и бубрезите и за чистење на каналите.

Исто така, се препорачува да консумирате чај од лист од јаглика. Пијте го постојано, и покрај тоа што е добар за прочистување на бубрезите и мочниот меур од инфекции, одличен е затоа што му помага на црниот дроб да ја филтрира кр-вта и го чисти црниот дроб од штетни материи.

Чајот од кантарион го чисти црниот дроб, помага при правилно функционирање на жолчката и варењето на храната, дава отпорност на организмот, помага при заздравување на рани и ги обновува ткивата. Кантарионот е добар и за нервите, помага во справување со стресот, а исто така овозможува подобар сон, ги зајакнува нервите и делува смирувачки.

За проблеми со варењето на храната, Гаврил советува консумирање на чај од мајчина душица во комбинација со кантарион, црн чај (турски чај) и мелиса. Пиејќи го овој чај, малку горчив на вкус ќе ја прочисти гастричната мукоза, помага при варење на храната и ја обновува гастричната слузокожа. Исто така, тој советува да се пие чај од лисја од дуња против дизентерија. Пијте го чајот додека сè уште е топол, а по една чаша веднаш ќе ви биде подобро.

Кога ра-ната е гно-јна или црвена или доколку се појави чир, на тоа место веднаш се става лист од подбел, се преврзува со крпа или завој и се чува на болното место 2 -3 часа, а потоа повторно се менува газата. Се поставуваат нови лисја, и така одеднаш раната ќе почне да се чисти, гно-јот ќе започне да се цеди сам по себе и раната ќе се исчисти и ќе зарасне брзо.

Ништо не може да извлече гн-ој од рана побрзо од лист од подбел. Овој лек го користеле луѓето уште многу одамна, но во овој лек веруваат и го применуваат дури и некои од лекарите. Овој лек помага за заздравување на раната што е можно поскоро.

За бронхитис, пијте ги истите чаеви споменати погоре, но исто така и чај од бел слез. Чајот од бел слез помага при искашлување на секретот од белите дробови. Пијте што е можно повеќе прегорен шеќер со млеко. Непријатноста веднаш се смирува, бронхиите се смируваат и нема иритација на белите дробови при кашлање.

И во случај на срцеви заболувања, тој советува да се јадат семки од праска или кајсија и да се јадат овие семки неколку дена, што е можно почесто, затоа што во нив има нешто што му помага на срцето, ги храни срцевите мускули.

За анемија, тој советува да пие сок од капини и коприва. Во зовриена вода се става неколку суви листови коприва, а потоа се пие топло во интервали за да не се покачи кр-вниот притисок.

Кога децата се бледи и анемични, тој ги советува постојано да јадат грозје, тоа му дава сила на човекот. Дури и да пијат чај од цвекло, или да го јадат свеж или варен во салата. Може да биде и ситно сечкано цвекло со свеж морков, неколку јаболка во комбинација со мед и се јаде како овошна салата за подобрување на кр-вната слика.

Исто така, чајот од жалфија, кој е добар за ублажување на притисокот, но и за лекување на сите проблеми со стомакот, помага при правилно варење на храната, воспаление на слезината, жолчката и помага во регулирање на работата на цревата.

За закрепнување на нервите, при хроничен стрес тој советувал лек според рецептот: измешајте 500 г мелени ореви со 1 кг бели коцки шеќер, додадете 1 кг морков ситно изрендан и сок од 2 – 3 лимони. Се консумира рано наутро, пред оброк, па дури и во текот на денот пред секој оброк, а закрепнувањето ќе се забележи веднаш по само неколку дена од земањето на овој лек. Овој лек е добар и за анемија.

Гаврил постојано советувал дека оревот има многу хранлив нутритивен состав, има многу лековити својства, но содржи и јод во него. Оревот има изглед на човечкиот мозок и затоа е одличен лек за лекување на провлеми со концентрација, сенилност и за деца кои слабо учат и напредуваат. Исто така, добро е постојано да јадете мед со саќе, бидејќи восокот е корисен за сите здравствени проблеми.

За лекување на ревматизам, ставете газа премачкана со ракија на болните зглобови и малку изрендана рукола. Газата менувајте ја на неколку часа, а постапката повторувајте ја неколку дена по ред. Болката ќе исчезне целосно, а подвижноста на зглобовите значително ќе се подобри.

Гаврил советувал дека смреката е многу корисна. За да направите чај, ставете неколку иглички смрека во топла вода, а потоа испијте го чајот незасладен. Чајот е добар за бубрезите и чистење на песок од бубрезите, па дури и за жолчката и сите органи за варење.

Тој советува дека човекот не треба да пие ладна вода доколку е изморен после некоја физичка работа, бидејќи може веднаш да се разболи. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.