Значи толку многу ми се допадна оваа торта, а пријателката не сакаше да ми го даде, па морав да го украдам рецептот со помош на ќерка и, хахаха.

Па еве го драги мои.

Потребни состојки:

4 белки

4 лажици шеќер

1 ванилин шеќер

2 лажици брашно тип 400

1 прашок за печиво

2 лажици мелени печени бадеми

за крем од ванила:

320 г (две чаши) кисела павлака

160 г (една чаша) слатка павлака

8 г (1,5 лажичка) желатин во прав

3 лажици мед

3 лажички трошки бело чоколадо

10 капки арома од ванила

Фил од шумско овошје:

150 г смрзнато шумско овошје (или сезонско овошје)

200 мл вода

1 пудинг со вкус на шумско овошје

4 лажици шеќер

Мус од бело чоколадо:

200 г бело чоколадо

325 мл слатка павлака

100 г шеќер

Постапка:

Вклучете ја рерната на 180 степени.

Белките заедно со шеќерот и ванилин шеќерот пенесто изматете ги со миксер во цврст снег.

Додадете просеано брашно и прашок за печиво и матете со миксер.

Со жица промешајте ги бадемите.

Печете на 180 степени 10 минути во калап 26 см обложен со хартија. Се пече додека страните на бисквитот да поруменат. Целиот бисквит останува светол.

Печениот бисквит додека е уште врел се одвојува од хартијата и се завиткува во влажна крпа и се остава така да излади. Во текот на печењето бисквитот малку се намалува и може да се стави во калап 24 см и тука да се приготвува целата торта.

Крем од ванила: желатинот се прелива со 5 лажици вода и се остава да набубри околу 5 минути.

Киселата павлака, слатката павлака и медот се матат со миксер.

Набубрениот желатин се растопува на тивок оган, па се додаваат 3 лажици од смесата со павлака, се меша со загревање додека смесата да се изедначи и се излева во остатокот од смесата од павлака. Се мати со миксер и се промешуваат парчиња/трошки од бело чоколадо и арома од ванила.

Се премачкува преку бисквитот и се остава во фрижидер да се лади половина час.

Фил од шумско овошје: водата со шеќерот се загреваат до вриење. Одмрзнатото овошје се ситни со рачен миксер или во блендер. Се добива околу 200 мл каша. Се додадава малку вода и прашок за пудинг, се меша да нема грутчиња па се излева во зовриената вода и со постојано мешање се готви додека да згусне. Потоа се намалува огнот и се меша уште 2-3 минути. Се остава да излади на собна температура, повремено промешувајќи за да не фати кора.

Лажица по лажица филот се нанесува преку кремот од ванила, полека размачкувајќи го. Се остава во фрижидер да се стегне.

Мус од бело чоколадо: Чоколадото се растопува, слатката павлака се загрева со шеќерот, да биде врела но да не зоврие, па се додава растопеното чоколадо. Се продолжува на тивок оган да се меша додека да се добие изедначена мазна и сјајна смеса.

Оставете да се излади на собна температура и добро изматете со миксер.

Мусот ќе биде речиси течен пред нанесувањето врз тортата и ладењето во фрижидер. Меѓутоа во фрижидер кога ќе изладе ќе се стегне и ќе биде мек како шлаг.

Оставете целата торта да излади најмалку два часа или најдобро преку цела ноќ.