Фото и рецепт: Живка Дабиќ – ситни колачи – бакнежи.

Драги мои, еве рецепт за едни слатки кои мајка ми често ги правеше. Колачите се уште поубави откако малку ќе отстојат, тогаш уште повеќе омекнуваат и се топат во уста.

Потребни состојки:

200 г маст
200 г шеќер
2 јајца
500 г брашно
1 прашок за печиво

За фил:

500 мл млеко
1 пудинг од ванила
125 г путер
125 г шеќер во прав

За декорација:

Чоколадна глазура
Шарени трошки

Постапка:

Маста пенасто изматете ја со 200 г шеќер, а потоа едно по едно додадете ги јајцата додека постојано матете. Брашното промешајте го со прашокот за печиво, просејте го и додадете го во колачот.

Добро промешајте и изедначете го тестото, а потоа со помош на оклагија развлечете го во кора. Со модличка или ракиена чаша вадете ги колачите, редете ги во плех обложен со хартија и печете ги во загреана рерна на 200 степени 15 минути.

Во меѓувреме сварете половина литар млеко со една кесичка пудинг од ванила, убаво разматено да нема грутчиња. Сварениот пудинг оставете го на страна целосно да се олади.

Путерот пенасто разматете го со шеќер во прав, па додадете го изладениот пудинг и продолжете да матите додека убаво да се соединат во мазен крем.

Спојувајте ги колачињата по две со филот, а одозгора прелијте ги со чоколадна глазура и наросете ги со шарени трошки.

Фото и рецепт: Живка Дабиќ