Фото и рецепт: Валентина Ковачевиќ – Ембарго колач.

Многу економичен и вкусен колач, лесно се приготвува а децата го обожаваат. Се мери со шолја од 200 мл.

Потребни состојки:

2 шолји брашно
½ шолја шеќер
2 лажици какао
1 лажичка цимет
1 прашок за печиво
1 шолја вода
½ шолја масло
2 рендани јаболка
2 полни лажици џем од кајсија
100 г чоколадо
3 лажици млеко
30 г маргарин/путер

Постапка:

Во подлабок сад измешајте ги сувите состојки: 2 шолји брашно, половина шолја шеќер, 2 лажици какао во прав, 1 лажичка цимет и 1 кесичка прашок за печиво.

Убаво промешајте за да се изедначи содржината, па додадете половина шолја масло, една шолја вода и двете изрендани јаболка заедно со сокот ако го испуштат (не треба да се цедат).

Смесата излејте ја во намастен и наросен со брашно плех, со димензии 20х30 см, и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу половина час.

Додека е врел колачот премачкајте го со џем и оставете да се олади. Растопете чоколадо со млеко и путер, па прелијте го колачот со чоколадната глазура. Оставете да се стегне.

Идеја: Наместо чоколадна глазура може да се направи и овошен фил, односно да се сварат јагоди и пудинг на пример, па да се прелие одозгоре и на крај да се заврши со шлаг. Може да се прават различни варијанти бидејчи колачот е многу вкусен и сочен.

Фото и рецепт: Валентина Ковачевиќ