Фотографија и рецепт на Живица Табанов

Потребни состојки: 2-3 јaјцa, 6-8 лaжици шеќер, 2 чaши од 200 мл брaшнo, 1 чaшa јoгурт, 1/2 прашок за печиво пецивo, пo желбa-вaнилa. Постапка: Јајцата со шеќерот се матат со жица или со миксер, се додека да се растопи шеќерот.

Крофни (Фотографија и рецепт на Живица Табанов)

Потоа се додаваат останатите состојки и се меша додека се добие мазно, изедначено тесто кое не е многу густо, но не е ни премногу течно.

Крофни (Фотографија и рецепт на Живица Табанов)

По потреба додајте уште малку брашно, количината многу зависи од самото брашно, но и од големината на јајцата.

Крофни (Фотографија и рецепт на Живица Табанов)

Тестото се става во апаратче за правење крофни и се пржат во умерено загреано масло. За да излезат убави формите, колку можете спуштете го подолу апаратчето кога тестото се спушта во масло за пржење. Ако се спуштаат крофните од повисоко, може да се растурат формите.

Пржените крофнички вадете ги врз хартиена салветка. Излегуваат 25-30 крофни. Можете да ги наросите со шеќер во прав или со течно чоколадо.

Крофни (Фотографија и рецепт на Живица Табанов)

Крофни (Фотографија и рецепт на Живица Табанов)