Собирањето на ткивна течност околу зглобовите и отечените нозе се голем проблем особено навечер, а овој одличен и едноставен метод од народната медицина може да ви помогне околу болните и отечени зглобови.

Оние што знаат да ја препознаат билката Гавез, знаат колку е лековита. Се зема поголем лист од оваа билка, се мачка со маст и се става како облога на болното и отечено место, или се собираат грст листови кои се толчат и им се додава маст за да се добие компактна смеса која потоа се нанесува.

Потоа со проѕирна фолија се фиксира и убаво се прицврстува со компресивен завој или со ленена крпа.

Со вака завиткана нога треба да се преспие, а наутро ќе бидете изненадени од резултатите. Она што можете да го почувствувате е пецкање или боцкање, бидејќи листот од гавезот има многу ситни тенки иглички кои со своето дејство ја зголемуваат периферната циркулација и прават еден вид дренажа.

Гавезот во Русија се нарекува и живокост, бидејќи од оваа билка подобро и побрзо зараснуваат коските, а заздравуваат и раните.

При фрактура на коска се користи мевлем приготвен од листови од гавез, кој исто така помага и при ревматизам.

Екстрактот пак од неговиот корен се става во кремите за лице видејќи ги пегла брчките, ги лекува акните, модринките и отоците.