Ова не е само обичен билен шејк, туку ова е лековит серум за црниот дроб. Еднаш ми се појавија здравствени проблеми и мојот лекар ми препиша циклус од антибиотици. По завршувањето на еден циклус од лековите, започнав да се чувствувам у жасно:

Имав некоја необјаснета тежина во колковите, горчина во устата, чувствував мало гадење после секое јадење – неколку сензации кои им познати на оние кои си имаат проблем со црниот дроб.

Случајно го видов рецептот за овој коктел, па бев инспириран и решив да се обидам да го направам. Излезе дека навистина е вкусен пијалак кој освен што е пријатен за пиење, многу е здрав и го деток.сицира организмот!

Една недела се ставив на исхрана за црн дроб и редовно пиев по една чаша од овој здрав коктел, и секој ден се чувствував сè подобро и подобро. На крајот се чувствував подобро од кога било! На сите им советувам да го пробаат овој коктел.

Потребни состојки: 1 главица цвекло, 3 морковисо средна големина, 2 зелени јаболка, половина лимон без кора, парче свеж корен од ѓумбир 3-5 см, еден грст млад спанаќ или некој друг темнолистест зеленчук.

Постапка: сите состојки ставете ги во блендер и сомелете ги, секако откако убаво ќе ги измиете и излупите. Додајте 2 чаши вода во концентрираниот зеленчуков напиток (или по вкус разредете го).

Пијте го на собна температура или изладен. Чувајте го во фрижидер! Овој напиток изобилува со флавоноиди и витамин А. За морковот одамна е познато дека го храни црниот дроб. Пектинот кој се наоѓа во јаболката помага во отстранување на ток-сините.

Листовите од спанаќот обезбедуваат добра циркулација на крвта и го зајакнуваат имунитетот. Ѓумбирот и лимонот придонесуваат за одлично функционирање на гастроинтестиналниот тракт, ја ублажуваат надуеноста и го подобруваат метаболизмот.

Суровото цвекло содржи многу растителни влакна, што е добро за цревата. Обожавам да правам шејкови од зеленчук во блендер, но ова се покажа дека е најдобрата комбинација! Искусете го ефектот на лекување врз себе, вашиот црн дроб ќе се прочисти и ќе престане да ви создава проблеми.

ЦЕДЕН СОК ЗА ИМУНИТЕТ

Потребни состојки: 1 кг цвекло, 1 кг морков, 1 кг лимон, 1 кг јаболка, 2 литри вода, 500 г мед или повеќе, по вкус

Постапка: Цвеклото, морковот и јаболкото измијте ги добро, исчистете ги и изрендајте ги. Добро изгмечете ги со рацете и прелијте ги со вода. Поклопете и садот оставете го 24 часа. Следниот ден процедете ја смесата низ газа и добро истискајте. Додадете цеден сок од лимон и мед, па добро промешајте за да се растопи.

Вака приготвениот сок складирајте го во шишиња и чувајте го на ладно. Секое утро се пие по 100 мл на гладно. Многу е здраво. По желба кој сака во сокот може да додаде и свеж ѓумбир. Остатокот не го фрлајте, може од него да сварите џем или пак салата: додадете јаболкова киселина, маслиново масло и сол, па складирајте го во тегла.

Истите состојки и истата постапка, само ако додадете и 1 кг рендан корен од целер, добивате одличен напиток кој може да ви помогне да го намалите холестеролот доколку ви е покачен. / НМД.мк

freepik.com