РЕЦЕПТ НА Д-Р МАРИО: Природен крем за лекување на псоријаза, себореа, дерматитис и други кожни заболувања

„Денес сакам да ви откријам еден одличен рецепт за приготвување на лековит крем со кој може да се третираат најразлични кожни заболувања, себореа, псоријаза, егзема, црвенило, јадеж и каква било друга иритација со кожата. Овој крем можете да го користите по потреба и има долг рок на траење“, вели д-р Марио.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г кокосово масло, 100 г органски какао путер, 100 г органски шеа путер, 10 капки есенцијално масло од чајно дрво и 10 капки есенцијално масло од лаванда.




ПОСТАПКА: Едно широко тенџере наполнете го до третина (или четвртина) со вода и ставете го на шпорет да се загрее на умерена температура. Во него поставете некој друг стаклен или керамички сад во кој ќе ги измешате маслата, но треба да биде доволно висок за да не допира во него водена пареа.

кокосово масло




Ставете го кокосовото масло, какао путерот и шеа путерот во садот и растопете ги со повремено мешање додека целосно да се соединат, а за тоа се потребни приближно 4-5 минути.

какао путер




Потоа садот тргнете го од оган и тргнете го на страна за да се излади со собна температура. Кога ќе се олади, но сè уште ќе биде во течна состојба, додајте по десет капки од есенцијалните масла (чајно дрво и лаванда).

шеа путер




Добро промешајте и добиената мешавина претурете ја во чиста и сува стаклена тегличка која претходно сте ја стерилизирале. Затворете со капак и десетина секунди протресете ја тегличката.




Кремот може уште веднаш да се користи. Се чува во фрижидер, а рок на употреба има до три месеци. При употреба, најдобро би било по малку да црпнувате од кремот со лажичка (ќе биде во цврста состојба), а потоа да го растопите со дланките и да го нанесете на зафатеното место.




Може да се користи неколкупати дневно, а уште подобар ефект би имало доколку нанесете во подебел слој и оставете да делува неколку часови без да го избришете вишокот.




Овој крем одлично делува и ако се користи за проблеми со сува кожа. Јас редовно го приготвувам и сите домашни го користиме за различни проблеми поврзани со кожата. Најважно е само состојките да бидат 100% органски и маслата да бидат ладно цедени“, вели д-р Марио Лабудовиќ.




Деталите од постапката на приготвување и објаснувањето на докторот можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.




Претходна статијаВКУСЕН И ЗДРАВ РОЛАТ ЗА 10 МИНУТИ: Без брашно, шеќер и масти – само измешајте ги состојките
Следна статијаСИТЕ ГО ЧЕКААТ ОВОЈ ДЕН: Денес се исполнуваат желби – направете го ОВА