Започна сезоната на јагодите, па редно е да се потсетиме на некои од најдобрите рецепти за приготвување на џем. Мора да се согласите дека цемот од јагоди е еден од најубавите, со најубав мирис и вкус.

Џем од јагоди: рецепт и фотографии на Снежана Годинич

Ќе ви претставиме неколку рецепти, првиот од нив се готви околу еден час, а вториот и третиот само 5-10 минути, па според количината и состојките одберете си го најдобриот:

Џем од јагоди: рецепт и фотографии на Снежана Годинич




I РЕЦЕПТ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 кг јагоди, 700 г шеќер, 2 кесички ванилин шеќер и 1 голем лимон исечен на тркалца. ПОСТАПКА: Јагодите измијте ги со ладна вода, исчистете ги и исечете ги, најдобро на тркалца.




Во широко тенџере редете ред јагоди, ред шеќер, малку ванилин шеќер и по некое тркалце лимон. Вака наредено ставете го тенџерето на оган за започне џемот да се готви. За кратко време ќе се отпушти сокот и ќе стане многу течно, па не мора да се меша.




Гответе на посилен оган додека да испари течноста (кај мене јаќчината на ринглата од 1 до 9, готвев на 7 околу еден час и некоја минута. Кога започна да се згуснува намалив на 5 и така готвев до крај со често промешување, околу еден час и нешто.

Џем од јагоди: рецепт и фотографии на Снежана Годинич




Џем од јагоди: рецепт и фотографии на Снежана Годинич

Џемот е готов кога ќе се види дното на тенџерето при повлекување на лажицата при мешањето, или пак, фрла меури во вид на око. Густината се проверува со вадење на помала количина џем во тацна и ладење во фрижидер. Се собира топло во топли стерилизирани стаклени тегли. Рецепт на Снежана Годинич. Вториот рецепт:




II РЕЦЕПТ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1250 г јагоди, 500 г шеќер и 1 кесичка џемфикс екстра. ПОСТАПКА: Јагодите измијте ги и исчистете ги, па потоа исечкајте ги. Јас ги исечкав на сечко, а вие можете исто или на даска, како сакате. Исечканите јагоди ставете ги во поголемо тенџере на оган.




Џемфиксот измешајте го со две лажици шеќер и додајте го во јагодите. Мешајте додека да проврие смесата, а тогаш додајте го целиот шеќер и варете уште две минути. Мешајте цело време. Џемот е готов. Топол складирајте го во топли стерилизирани тегли (во рерна на 80-100 степени околу еден час), добро затворете ги со капак и превртете ги наопаку за да се вакумираат. Третиот рецепт:




III РЕЦЕПТ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 700 г јагоди, 150 г шеќер, 1,5 лажица сок од лимон и 2 лажички екстракт од ванила. ПОСТАПКА: Јагодите измијте ги и отстранете ги петелките, па исечете ги на парчиња со средна величина, да не се премногу ситни. Јагодите ставете ги во тенџере и додајте шеќер.




Поклопете со капак и почекајте да зоврие. Промешајте неколку пати и почекајте да се создаде бела пена која ќе ја отстраните со лажица. Варете ги јагодите не подолго од десет минути, сметајќи го времето од кога започнале да вријат.




Последните две минути од варењето додајте малку сок од лимон и промешајте. Може да додадете и екстракт од ванила, по желба. Добиениот џем складирајте го во стаклени теглички и чувајте го во фрижидер откако ќе излади на собна температура. Рок на траење има околу две седмици.