Рецепт за природен ИНСЕКТИЦИД против смрдливки, компирова златица, стршлени…Во септември секогаш истата приказна…проблеми со смрдливките кои се чини дека од година на година ги има во сѐ поголем број..
Замките со квасец даваат добри резултати, особено ако се постават кај краставиците и пиперките, а кофите со сијалица кај овошките…Но, открив уште поефикасен метод, односно инсектицид кој се добива од шимски папрат.
Имено, папратот го користам за малчирање, односно прекривка врз почвата, околу растенијата, со што се оневозможува раст на плевел.
Меѓутоа, она што не го знаев, а неодомна го дознав, е дека оваа папрат во себе содржи супстанција која е број 1 инсектицид против смрдливки.
Супстанцијата предизвикува проблеми во дигестивниот тракт на инсектите, па ако консумираат дури и најмала капка од него, може да изумpат.
Овој вид на папрат може да најде покрај шумските патишта, а кој може да порасне и до 2 метри височина.
Испрскајте ги прозорите и вратата со овој природен спреј и СМРДЛИВКИТЕ нема да ви влегуваат дома
Во 10-литарска кога ставете 500-600 г папрат, односно да се наполни со листови и да се дополни со вода. Вака се остава на полусенка 3-4 дена, а за тоа време водата малку ќе позелени. Потоа само процедете.
Јас не го растворувам. Едноставно течноста ја ставам во распрскувач и секојдневно ги прскам зеленчукот и овошјето, а она што ќе остане во кофата го користам за малч.
Што повеќе треба да се користат овие органски раствори за да се намали бројот штетниците оваа зима…Видеото на Маринковиќ погледнете го ОВДЕ.