Ова е проверен метод – 7 начини на кои ќе ја спречите инвазијата на овие бубачки во вашиот дом.

На прозорите поставете мрежи кои ќе го спречат продирањето на смрдливките, но и на другите инсекти.

Направете спреј од лук: 4 лажици лук во птав измешајте со 16 лажици вода. Или изгмечете 4 чешниња лук во половина литар вода. Оставете да отстои следните 24 часа. Потоа водата процедете ја и складирајте ја во шише со распрскувач. Со оваа течност испрскајте ги рамките на прозорите, мрежите и вратата и сите останати места од каде овие бувачки може да влезат.

Мирисот од лук засекогаш ќе ги избрка дури и смрдливките. Доколку сепак не го сакате мирисот на лук, наместо него може да го користите нането: етерично масло од нане помешајте со вода, во раствор кој има малку поинтензивен мирис. Со овој спреј испрскајте ги прозорите и вратите и другите критични места.

Во сад со 2 литри вода ставете 1 супена лажица детергент за алишта и промашјте додека да се растопи. И ова средство можете да го користите против смрдливките.

Направете раствор од 200 мл вода, 200 мл алкохолен оцет и 200 мл лимонов сок. Со оваа течност испрскајте ги рамките од прозорите и вратите како и сите пукнатини и критични места. Смрдливките брзо ќе избегаат од овој мирис.

Растворот од лути пиперки е дефинитивно најдобриот проверен спреј кој ги брка смрдливките. Потребни ви се 3 најлути пиперки, 3 чешниња лук, 1 главица кромид и 300 мл сапуница (вода со течен детергент).

Исечкајте го зеленчукот и прелијте го со сапуницата, покријте го и оставете го да отстои преку ноќта. Следниот ден процедете и течноста складирајте ја во шише со распрскувач. Користете ја за прскање на сите критични места, а смрдивките немаат шанси против оваа смеса и повеќе нема ви досадуваат.