Здраво, јас сум Радмила и со вас сакам да споделам една приказна. Мојата ќерка Кристина уште додека беше многу мала и се јавија респираторни проблеми, добиваше чести инфекции и постојано кашлаше. Кога имаше 15 месеци, заболе од пневмонија и постојано бевме по болници.

Таму научив како да ја тап-кам на грпчето за полесно да ја исфрли слузта од белите дробови, но некако кај Кристина многу тешко одеше сето тоа. Само што мислевме дека е излечена, таа повторно ќе настинеше или ќе фатеше некое вирувче и пак завршуваше б олна со висока температура.

Нарачував разни чаеви, мевлеми, апчиња, но сите тие работи краткотрајно делуваа. Случајно додека купував билки и природни лекови од една стара жена, таа ме праша за кого ми се и зошто сум толку загрижена. И го кажав мојот проблем со болежливото дете, а таа ме посоветува да бидам упорна и да поработам на нејзиниот имунитет.

Ми рече да продолжам да и давам да пие чаеви, да ја носам на планина и на сонце, да ја хранам колку можам поздраво и да бидам упорна зошто имунитетот кај малите деца тешко се гради. Ме посоветува кои чаеви се најдобри за децата и дека треба повремено да ги ротирам и менувам.

По некое време, мојата Кристина започна да ја исфрла слузта од белите дробови и неколку пати пов-рати огромна количина слуз. На првиот преглед, нејзините бели дробови беа чисти. Докторката беше воодушевена бидејќи не го слушна вообичаеното крцкање во градите.

Ја интересираше што користиме и што и помогнало многу и веднаш и раскажав што сè користиме. Таа ми рече да продолжиме да го правиме тоа што досега сме го правеле, бидејќи се гледаше дека тоа дава одлични резултати.

По некое време, Кристина убаво зацврсти и престана да се разболува, но јас чаевите и сирупите продолжив да и‘ ги давам. Многу сум среќна што повеќе не мора да ги пие синтетичките лекови, сега е здрава, ја нема таа бледа боја на кожата ниту темните кругови околу очите.

Сега е среќно и здраво дете со румени обравчиња. Мислам дека најмногу и помогна чајот од диво оригано, чајот од жалфијата како и сирупот од кромид кој почесто и го давав за да се исчисти од слузта. Морам да напоменам, дека исто така, почнав редовно да и давам да пие козјо млеко и свежи овошни и зеленчукови сокови кои секој ден специјално ги цедев за неа.

Чај од оригано за бронхитис и астма

Чајот од оригано лечи кашлица, синуситис, астма, бронхитис, ревматизам, инфекции и многу повеќе, затоа се препорачува за овие состојби и болести. Ориганото е повеќегодишно растение, кое се користело уште од античко време како природен антибиотик, а денес е докажано дека има многу лековити својства.

Поради своите силни антибактериски, антиканцерогени и антиинфламаторни својства, ориганото има многу здравствени придобивки. Ориганото е богато со витамини А, Ц, Е и К, влакна, калциум, манган, магнезиум, железо..

Ова миризливо растение може да му помогне на телото да се детоксицира, па затоа е корисно за елиминирање на многу болести, вклучително и неправилна рамнотежа на хормоните.

Ориганото може да се додаде во многу јадења за да се постигнат неговите корисни ефекти. Вообичаен начин да се користи оригано е да се пие чај направен од него. Чајот може да се подготви со свежо или суво оригано. Приближно се користи 1 – 2 лажички, од 5 -10 грама, треба да се стави во чаша топла, зовриена вода околу 5 минути. Препорачаната доза на овој чај е до трипати на ден.

Антиканцерогени својства во ориганото

Ориганото има исклучително високо ниво на антиоксиданти и антимикробни соединенија. Тој е моќен бо-рец против паразити. Содржи фитохемиски кверцетин, за кој е познато дека го забавува растот на ракот.

Здравствени придобивки од оригано

Ориганото е корисен лек за многу болести и здравствени состојби: астма, бронхитис, кашлица, артритис, б олка во мускулите, акни, подуеност, главоболки, рефлукс, алергии, замор, инфекции на уринарниот тракт, менструални грчеви и сл.

Направете чај од оригано и пијте го во текот на денот за природно лекување на синуситис, кашлање и треска, инфекции, хронична астма, ревматизам, бронхитис..

Потребни состојки: 4-6 лажици суви лисја од оригано, 2-3 чаши вода, едно парче органски лимон, органски суров мед (најдобро од липа).

Постапка: Ставете ја водата во тенџере да зоврие, а откога ќе зоврие тргнете од шпорет и додајте го ориганото. Оставете да отстои пет минути. Процедете го чајот и додајте мед по вкус. Пијте во текот на денот.

Ориганото е популарно растение и обично се користи во италијански јадења. Листовите од оригано се додаваат во супи, чорби, салати.. Ориганото исто така се додава во разни јадења со зеленчук за засилувач на вкусот.

Ориганото одлично се комбинира и со други билки, како што се лук, црвен кромид, босилек, јаглика, мајчина душица и маслиново масло. Покрај кулинарската употреба на суви лисја, маслото од оригано е многу корисно во бор-ба против многу видови инфекции.

Инхалација за лекување на синусни инфекции или настинки

Ставете неколку капки масло од оригано во тенџере со вода што испарува, веќе зовриена. Вдишете ја пареата внимателно и ќе почувствувате олеснување. Билните чаеви подготвени од ѓумбир, цимет, рузмарин, еукалиптус, слаткарче се одлични природни лекови за третман на астматичен бронхитис.

За да ја зголемите ефикасноста на овие природни лекови, додајте малку мед (најдобро од липа), бидејќи помага да се спречи формирање на слуз и тонирање на внатрешната обвивка на респираторниот тракт.

Домашен природен лек за астма, бронхитис и кашлица

Подгответе го овој природен лек за астма и бронхитис секој пат кога ќе почнете да кашлате, а кашлицата ќе се повлече по неколку кон-сумирања. Дури и ако веќе кашлате, земањето на овој природен лек може да ви помогне да се чувствувате подобро.

Потребни состојки: 500 г црвен органски кромид, 500 г кафеав шеќер, 1,5 литри вода. 2 лимони, суров органски мед (најдобро од липа).

Постапка: Постојано мешајќи, додека да се стопи, загрејте го шеќерот во метален сад на умерена температура. Додајте го кромидот исечкан на мали парчиња. Додајте вода и варете ја смесата додека да испари 1/3 од водата.

Потоа оставете ја смесата да се излади, па додајте го сокот од лимон и медот. Добро промешајте, прелијте ја смесата во стаклена тегла и оставете ја преку ноќ. Кон-сумирајте 1 лажица пред секој оброк. За деца, се препорачува една лажичка од овој лек, исто така пред секој оброк. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска