Денес, на Велики четврток рано наутро пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите велигденски јајца. Најпрво каснуваат малку леб, се вртат кон исток, се прекрстуваат и ги бојат првите три црвени јајца.

Првото јајце, божјаче, откако ке се бојадиса се остава да го „фатат“ првите зраци од сонцето, а потоа се будат децата и со него на лицето им се прави „Црвено-бело“. Божјарчето се чува цела година, до следниот Велики четврток, и само ова јајце не скапува. Останатите јаца се бојадисуваат во различни бои и на различни начини.

Обичајот вели дека првите јајца кои ќе ги бојадисаме за Велигден треба да се црвени. Но, зошто токму во црвена боја? Имено, се смета дека црвената боја на јајцата ја симболизира кр-вта на Исус пролеана на крстот каде што бил рас-пнат. Има и неколку легенди за тоа зошто велигденските јајца се црвени.

Една од нив е дека кога Исус Христос бил рас-пнат на крстот, една кокошка дошла и под него снесла јајце. Кр-вта од лицето на Исус капела врз него и го обоила во црвено. Затоа и денес првото јајце се бојадисува во црвено, а потоа најстарата жена во семејството со него ги т-рие децата по образите или им исцртува крст по челата за здравје.

Друга легенда раскажува за Дева Марија, која им давала јајца на војниците кај крстот при рас-пнувањето на Исус Христос. Таа ги молела да бидат помалку насилни кон Исус и притоа пла-чела. Нејзините солзи паднале врз јајцата и ги обележале со точки во црвени бои.

Постои легенда дека кога Исус Христос бил рас-пнат на крстот, неговите не-пријатели го гаѓале со јајца. Но, според Божјата волја, штом тие ќе го допреле неговото тело се претворале во црвени јајца. Во чест на таквото чудо луѓето почнале да ги вапсуваат велигденските јајца црвени.

Една католичка легенда пак, раскажува за Марија Магдалена, која отишла до гробот на Исус носела со себе кошница со јајца, за да руча. Кога пристигнала во гро-бницата и ги извадила јајцата, нивните бели лушпи, за чудо, биле обоени со боите на виножитото.

ОБИЧАИ ЗА ВАПСАЊЕ НА ЈАЈЦАТА

Особено повеќе обичаи и верувања се поврзани со првото јајце за кое се верува дека има ма-гиска моќ. Тоа подоцна го оставаат пред иконата, со него се враќаат облаци за да се заштити посевот, се лекуваат болести кај луѓето и стоката, тоа заштитува од по-жар, гром и сл.

Јајцата ги вапсува домаќинката рано наутро пред да изгрее сонцето, зашто се верувало дека ако тоа се направело подоцна јајцата ќе се засмрделе. Вапсани пред да ги види сонцето, овие јајца, особено првото, не се расипуваат дури и по неколку години.

Кога ги вапсува јајцата домаќинката мора да има нешто јадено или да има каснато барем еден залак леб, зашто ако тоа го прави на „гладно срце“, јајцето може да ја раз-бие, да се разболи или да е не-среќна, а и таа ако го разбие тоа ќе ја загуби маги-ската м оќ.

Насекаде во Македонија, на Велики четврток, рано пред изгрејсонце, првото јајце се става во сито и се обесува на дирекот од куќата или на друго место спроти сонце за да го видат првите сончеви зраци.

Во некои краишта во ситото ставаат едно во други две или три јајца. Исто така, во некои краишта во ситото ставале и жито, некаде и срп за богат бериќет или сукало, за да се сучи касметот. Ситото било покривано со црвен машки појас или со друга ткаенина но секогаш со црвена боја.

По вапсувањето на јајцата, но пак рано пред изгрејсонце, домаќинката го земала јајцето првак и на децата, уште додека биле в постела, им минувала три пати по лицето зборувајќи: „Црвено бело дебело“ или: „Црвено бело здраво и живо“, што значи да се дебели како јајцето, но и црвени во образите, што е ознака за здравје и напредок.

Во Скопско, како што запишала Милица Георгиева, јајцата се бојадисувале не само пред сонце туку и пред да у дрело клепалото од црквата зашто таквите јајца помалку се кршеле и подолго време не се расипувале.

Е.Спространов сведочи дека во Охрид вечерта се носеле во црквата неколку црвени јајца „за да чует дванајсет ванѓељја“, а потоа едно од нив закопувале во нивата или во лозјето „за бериќет“.

И Стефан Тановиќ во записите од Гевгелиско сведочи за одење во црквата каде што се слушале дванаесетте евангелија, а за тоа време секој во рацете држел свеќи. Таа свеќа, пак, што се држела додека се читало последното евангелие се носела дома и од неа се палело кандилото пред иконата.

Со Велики четврток се поврзани и други обичаи и верувања. Така на пр. Стефан Верковиќ забележал дека во с. Мачуково, во егејскиот дел на Македонија, „таа ден колко црни кокошки снесат јајцата, и бележуват сус кониц, да напкум ʼи закопуват уф лозјата, за да не ʼи у дре грат“.

Кузман Шапкарев забележал обичај според кој малите моми замесувале за прв пат тесто, кое потоа со црвените јајца (чиј број бил колку што имало членови семејството) го носеле во црквата за таму да преспие додека се читале дванаесетте евангелија. Со тој квасец по празникот замесувале леб.

На Велики четврток се запотнува, како што тоа се прави на сите Величетвртоци до Спасовден кога и не се работи, како што запишал Е. Спространов „за да не бијат град“. Запотнувањето се прави на тој начин што се става потка на клучките од вратите, потоа на долапите, стомните, грнците, амбарите, каците, бочвите и други места.

За потка се користат билки за кои се верува дека имаат волшебна моќ како што се: кукурек, вратика, челинок, понекогаш се запотнува со гранки од леска, дрен, и др. Се запотнува за здравје но и со верување дека на тој начин луѓето, стоката и објектите ќе се заштитат од разни болести, несреќи, елементарни непогоди и сл.

На Велики четврток се изведуваат и други обичаи. На пр. се јаде пресен зелник со зелје, потоа девојките си ги мијат косите, а во водата ставаат црвено јајце и здравец, за здравје.

Во Мариово, како што запишал Милан Ристески, овчарите потстригувале неколку овци за потоа да стрижат во четвртоците, жените заплевувале во нивјето за потоа и тие да можат да плеват во овие денови, а мажите уште и оделе по дрва но без секира за да не треска град.

Во Радовиш според записите на З. Делиниколова на овој ден вапсуваат јајца за Велигден. Секоја домаќинка јајцата што се одредени за вапсување ги пребројува уште во средата наутро, ги става во чиста вода да се киснат – за да им излезат нечистотиите.

Приквечер ги варат јајцата во вода, ги мијат и ги бришат. Тогаш се пригитвува и бојата „бакам“ која ја купуваат од продавниците. Бакамот е црвена боја во форма на корупки од фамилијата на некои растенија, махунарки, кај нас се увезува од Мала Азија.

За да си ја пушти подобро бојата бакамот се става од вечер во ладна вода „да кисне“ со која утредента јајцата се вапсуваат црвено. Во поново време јајцата се вапсуваат со други аналински бои: модри, зелени, жолти, шарени и др.

До неодамна за бојадисување се користеле лушпи од кромид кои исто така претходно се киснат во вода за да пуштат боја –жолта. Според кажувањето на постари жени од градот вистински велигденски јајца се само црвените.

Жолтите се сметаат за еврејски, а боењето јајца во други анилински бои продрело од скорешно време во градот. Изутрина на Велик четврток секоја домаќинка станува рано, пред сонце, тивко за да не ја чуе никој од домашните, а особено децата. Запалува огин и го става на огин рас-киснатиот бакам да зоврие, на кој му додава и стипса за да фати бојата.

Најнапред пушта едно јајце – јајцето на дедо Господ – Господово јајце, со кое оди кај децата кои сè уште спијат и ги гали по лице со зборовите: Црвено бело здраво-живо, а потоа го зема јајцето, го става на некое ткаено или плетено црвено парче спроти сонце – на источната страна на куќата и се враќа да ги бојадисува и другите јајца.

Тоа го прави набрзина дури не огреало сонцето, за да не се ус-мрдат подоцна. Ако сака домаќинката јајцата да светат ги брише отпосле со намастена крпа. Истиот ден се приготвуваат и слатки за Велигден. Се месат „пупи“ – вид бисквити и гевреци. Овие месени работи се приготвуваат скришум од децата, за да не каснат, зашто е грев да се омрсат пред Велигден.

Обичај е на Велики четврток да се касне посен зелник со зелје. Зелниците се месат поручек, за да бидат готови за вечера. Девојчињата и невестите си ги мијат косите со црвено јајце и здравец – за здравје. По вечера одат во црква на „дванајсет еванѓелии“.