Проверете дали правилно постите и не си го нарушувате здравјето

loading...

Бидејќи за време на пост привремено се исклучуваат одредени групи продукти, потребно е да се заменат co друга група – житарки, овошје, зеленчук, риба и билни масла, во идеална комбинација, за да му овозможите на организмот и натаму непречено да функционир и да не му недостига ништо. Впрочем, важна е комбинацијата на макронутриентите (протеини, масти ијаглехидрати) и микронутриентите (витамини и минерали) за хомеостазата на организмот да остане зачувана.

Бидејќи не можеме да сметаме на протеините од месото за време на постот, тука ни се одличните билни замени – грав, леќа, леблебија, грашок. Секој ден во менито мораме да имаме една од овие билки.

МЕСОТО МОЖЕТЕ ДА ГО ЗАМЕНИТЕ СО ГРАВ И ЛЕЌА

loading...

Тие се неверојатен извор на билни протеини и сложени јаглехидрати. Во 100 г продукт има протеини колку и во 100 г црвено или бело месо, а покрај тоа уште и комплексни јаглехидрати што ќе ни ја одржат ситоста. Ако постите цел пост, од овие билни продукти можете да правите домашини паштети и пире, да ги комбинирате co житарки и нема да имате потреба да се грижите за намалување на мускулната маса или за резервите од железо во организмот. И количеството е важно, затоа немојте да јадете повеќе од 100 г од овие продукти по оброк, бидејќи ресорпцијата ќе биде оневозможена.

ОДБЕГНУВАЈТЕ ГИ БИЛНИТЕ МЛЕКА

Се повеќе луѓе посегнуваат пo индустриските билни замени во вид на млеко во прав или течно. Тоа е кобна грешка, бидејќи така се внесуваат чист шеќер и адитиви! Видтинските билни млека, на пример од бадеми, во себе треба да содржат протеини, масти и речиси занемарливо количество јаглехидрати. За жал, производителите најчесто додаваат засладувачи и ароми и на тој начин тие ги залажуваат потрошувачите. Секој од нас co купувањето на таквото билно млеко внесува прости јаглехидрати, кои влијаат на растот на шеќерот во крвта, а потоа се лачи инсулин и директно се оптоварува чувствителниот панкреас.

Треба сами да си направите млеко од јаткасто овошје. Едноставно, потопете 100 г сурови јатки во филтрирана вода во текот на ноќта. Потоа таа вода истурете ја, a јатките ставете ги во блендер co свежа вода, измиксирајте ги и исцедете ги.

ЗАБЛУДАТА ЗА МАРГАРИНОТ И ЗА ПЕКАРСКИТЕ ПРОИЗВОДИ 

Погрешно е за време на пост да се користи посен маргарин. Маргарините на Запад се co закон забранети, пазарот ги анатемисува, единствено кај нас најнормално се рекламираат. Тие се прават од течни билни масла, co додавање молекули на водород и претворање во цврста состојба. Тоа опфаќа како термички така и хемиски процеси, чии нуспродукти се трансмастите, кои се зло за крвните садови и ја намалуваат антиоксидативната заштита на организмот.

И доколку не купувате маргарини, нив ги има во пекарските производи, лиснатите теста. Уште една лоша нутритивна навика е консумирањето пекарски производи за време на пост.

Тие се посни, но не и здрави, што е најчеста заблуда. Тие се извор на прости јаглехидрати, кои го оптоваруваат панкреасот, и на масти, кои ја отежнуваат работата на жолчката. Подобро сами дома да направите посна проја, која е чистач на цревата, или пита од хељда co зеленчук.

Не заборавајте на житарките, кои се одличен извор на веќе споменатите, благотворни сложени јаглехидрати и аминокиселини – структурни елементи на протеинот. Од житарките варете каши во кои можете да додадете дланка јаткасто овошје или свежо овошје no желба. Дајте му предност на темниот зелен зеленчук: брокули, кељ, прокељ, кои се во сите светски водичи за превенција од разни болести. Стара лоша навика е да јадеме џем и леб. He заборавајте како се приготвува џемот и колку шеќер содржи… Затоа, оваа комбинација прескокнете ја, па овошјето јадете го свежо како ужина. Евентуално варете компоти или правите овошно пире или свежо цедени сокови.

РИБАТА НИКАКО ПРЖЕНА 

Најдобрата страна на постот е рибата. Ho ние и тоа успеваме да го извртиме и тоа сo неадекватното приготвување на рибата – пржење во длабока маснотија. Пржењето како начин на термичка обработка му носи толку штета на организмот што во тој случај е подобро и да не јадеме риба. Имено, се создаваат слободни радикали (бидејќи маслата во кои се пржи се термолабилни), а тие ги оштетуваат нашите клетки. Рибата треба да се пече или да се приготвува на електрична скара, секако и да се вари. Ако овие начини на приготвување ви досадат, од рибата можете да приготвувате и домашни паштети co разни зачински билки.

Најдобро е да се јаде сина, морска риба – скапа е, но содржи здрави масти. Ако во текот на постот почувствувате глад, секогаш можете да изедете чинија повеќе зелена или кисела салата, прави домашни пуканки (не оние од микробранова печка!), дланка јаткасто или свежо овошје. Исто така, доколку почнете да чувствувате премаленост, вртоглавица, сонливост, некои други симптоми што порано не сте ги имале, подобро прекинете co постот, посетете го вашиот лекар и проверете ја комплетно крвната слика. Важно е да се биде умерен и во ништо да не се претерува!

loading...