Рецепт на Марика Миниќ

Голема благодарност до нашата драга членка Марика Миниќ која го сподели овој рецепт за нашите читатели во групата НМД рецепти.

Овој природен лек најмногу помага за продуктивна кашлица, кога постои секрет кој тешко се исфрла. Рецептот е проверен и успешен!

Потребни состојки:

250 мл вода
250 г шеќер
7 ловорoви ливчиња
7 прстофати жалфија

Постапка:

Водата заедно со шеќерот се ставаат на оган, па откако ќе зоврие се остава да вари уште 5-6 минути.

Се додаваат 7 ловорови листови и 7 пати со прстите се зафаќа сува жалфија. Заедно се остава поклопено 15 минути. Потоа се процедува и кога ќе излади се става во шишенце во фрижидер.

Употреба: се зема 3-4 пати на ден по една лажица.

Во продолжение прочитајте уште еден проверен природен лек за исфрлање на лепливата слуз која се лепи на белите дробови.

Потребни состојки за возрасни:

500 г ливадски мед (може и посилен)
1 лимон – сок
3 лажици ленено семе
1 лажица семе од бел синап

Потребни состојки за деца над 3 години:

500 г багремов или некој друг светол мед
1 лимон – сок
2 лажици ленено семе
1 лажички семе од бел синап

Постапка:

Леленото семе и синапот сомелете ги во прав. Исцедете сок од еден поголем лимон (или два помали), па додадете го во тегла со мед.

Добро промешајте за медот малку да се разреди. Во разредениот мед додадете ги мелените зачини и мешајте добро за медот да ги впие состојките. Поклопете и оставете во фрижидер.

Употреба: 3х1 лажичка на ден за деца, а за возрасни 3х1 супена лажица.

Поради лимоновиот сок смесата мора да се чува во фрижидер. Овој природен лек секогаш го земам штом почне да ме гребе грлото.