„Не толку одамна мојата свекрва се соочи со еден доста чест проблем, а тоа е неподнослива б олка во петата или народски кажано – имаше трн во петата или шилец во петата, а медицински го нарекуваат „калкар калканеи“.

Свекрва ми често се жалеше и велеше дека има чуватво како да нагазила на шајка и при секое газење како таа шајка да и продира подлабоко во стапалото.”




Шилец во петата (Calcar calcanei) е израсток на петната кос-ка, најчесто надолу и се смета дека тоа е реактивно создавање на кос-ка поради хронично, механичко преоптеретување и која со надpaзување при одењето се воспалува и тогаш б оли.




Почесто се јавува кај постари лица и лица кои поради својата професија долго и многу стојат. Се карактеризира со силна б олка во средината на петата, која не дозволува опте-ретување на петата.

Б олните симптоми се јавуваат уште при првите чекори по станување од спиење или после долго седење, а се појавуваат во областа на петата или на нејзината внатрешна површина.




Традиционалните методи некогаш се многу поефикасни од било кој крем купен во аптека. „Свекрва ми пробуваше најразлични методи, а еве што најмногу и помогна: Повеќепати во текот на денот ја уди-раше петата од подот од сите страни, за да се зголеми циркулацијата и метаболизмот на калциумот и да се спречи таложењето на соли.




Исто така ја користеше и следнава тинктура која се прави од 10 таблети аспирин или андол од 200 мг и 250 мл комова ракија или 70% медицински ал-кохол. Се ситнат таблетите и се мешаат со ракијата по што се остава два дена да отстои.




Секоја вечер се протресува тинктурата, се натопува парче газа, облогата се става на пета, се витка во најлонска фолија, а преку неа чорапа, па така се преспива. Следниот ден се измива и се мачка со масен крем.




Со оваа тинктура може да се третираат и проширени вени – после мачкањето б олката веднаш исчезнува. Може да се мачкаат бол-ни места при остеохондроза, каде има таложење на соли. Ако се појават силни б олки тогаш се ставаат облоги од рендан компир.




Десет дена на свекрва ми и ја ставав оваа облога: Смеса од мед и сол во однос 1:1. Се меша мед и сол да се изедначи смесата, па обилно се мачка петата. Одозгора се става парче газа, се лепи фластер и се завиткува со најлонска фолија. Се обува чорапа и се преспива така. Оваа облога и ја ставав на свекрва ми секоја ноќ во текот на десет дена. После тоа б олките и исчезнаа.”




А исто така може многу да ви помогне и лекот на билкарот Мартин Најдовски. Билкарот Мартин Најдовски има решение и за овој проблем, па подолу можете да го прочитате неговиот метод, кој е доста едноставен, но бара упорност. Доколку имате било какви прашања можете да го прашате на неговата страница Лилма.




Лек за петен трн, петен шилец: „Еден леѓен наполнете го со максимално жешка вода колку што може да ја издржите без да се изго-рите. Во водата ставете една полна рака пепел, не е важно од кое дрво го-рена, важно да е пепел. Стапалото оставете го да кисне во водата со пепел колку што можете да издржите, односно 15 до 20 минути.




Ако е премногу жешко и не можете да издржите толку долго, може да се прави пауза од по 1 до 2 секунди (да ја вадите на кратко ногата и повторно да ја враќате во топлата вода). За 15 до 21 ден шилецот во петата ќе се стопи. Ако не се стопи до 21 ден, се прави пауза од 1 седмица и потоа терапијата се повторува по потреба“, вели Најдовски.