Проширените вени излекувајте ги со помош на ова неверојатно масло приготвено од многу лековита билка, која е единствена и има способност да ги прочистува кр-вните садови, да го намалува нивото на холестеролот и истовремено да ги опушта и да им го зголемува луменот.

Проширени вени на долните екстремитети е состојба на површниот венски систем, предизвикана од хроничната слабост на венските валвули (опуштање на ѕидовите на кр-вните садови). Приближно 40% од целата популација боледува од проширени вени, а од тоа 25-30% се жени, а 10-15% мажи.

Постојат многубројни ризик-фактори за појава на варикозни вени, а тоа се: генетски фактори, фамилијарна анамнеза, пол, возраст, професија, зголемена телесна тежина, зголемен интраабдоминален притисок, бременост, физичка активност/неактивност, хормонски статус, пушење цигари, инфекции и трауми на карлицата

ЗНАЦИ И СИМПТОМИ. Првите знаци и симптоми се појавуваат во третата и четвртата деценија од животот. Пациентите ги имаат некои од следниве симптоми и знаци: тежина во нозете, замор, оток, големи, темно сини или темно виолетови промени под кожата на нозете, болка и грчеви во нозете;

Потоа, болка, црвенило и оток кои укажуваат на воспаление, тромбофлебит, промена на бојата на кожата, намалена влакнавост на кожата над проширените вени, кр-вавење од варикозитетите венски улкуси; рани на местото на постојните варикозитети.

За многумина овој проблем е од естетска природна (непријатен изглед), но варикозните вени можат да бидат и доста болни, па да создадат и чести непријатности. Во одредени случаи, тие можат да водат и кон посериозни проблеми.

Зошто се појавуваат и кои се ризик-факторите од варикозните вени?

Ослабените или оштетени венските валвули (всушност контролирачките елементи на протокот на крвта во вените) се најчестиот проблем кој води кон проширени вени. Артериите ја носат кр-вта збогатена со кислород, од срцето кон сите ткива и органи во телото, додека вените имаат задача да ја вратат редуцурана (богата со јаглероден диоксид), назад до срцето. Во таа цел, вените за ,,непријател” ја имаат гравитацијата.

Мускулните контракции во долниот дел на нозете делуваат како еден вид пумпа, а еластичните и специјално дизајнирани ѕидови на вените го спречуваат враќањето на кр-вта наназад, преку претходно споменатите валвули. Па така, ако валвулите се оштетени или ослабени, кр-вта не се движи правилно и се насобира во вените, предизвикувајќи венски проширувања.

Кои луѓе имаат најголем ризик за добијат проширени вени?

Повозрасните лица, жените, бремените жени, оние со генетска предиспозиција за оваа состојба, луѓето со вишок килограми, ние кои имаат работни места кои имаат потреба од долги периоди на стоење, оние кои имаат покачен крвен притисок, пушачите…

Совети за превенирање и помош при проширени вени:

Редовна физичка активност. Редовната физичка активност поттикнува подобра циркулација во нозете, што помага за отстранување на насобраната к-рв во вените. Физичката активност придонесува и за намалување на кр-вниот притисок, што е исто така значајно за оваа здравствена состојба. Ефектот е најдобар кога физичката активност е умерена, како што е пешачењето, возењето велосипед, пливањето и сл.

Носење компресивни чорапи. Еден од најефикасните начини за самопомош при оваа состојба се компресивните чорапи. Вршејќи притисок на нозете, односно стегајќи ги, компресивните чорапи помагаат вените и мускулите поефикасно да ја испумпуваат кр-вта нагоре кон срцето. Според повеќе студии, пациентите кои ги носеле ваквите чорапи, имале значително помалку болки и непријатности.

Промени во начинот на исхрана. Храната богата со сол може да предизвика задржување на поголеми количества вода во организмот, па намалувањето на солта во исхраната може да помогне за минимизирање на овој ефект кој е негативен и во однос на варикозните вени. Исхраната богата со калиум може да помогне да се намали задржувањето на вода во организмот.

Важно е да се внесуваат и доволни количества растителни влакна, поради тоа што таквата храна превенира запек. Превенцијата од запекот може да биде од големо значење, бидејќи запекот може да придонесе за (дополнително) оштетување на валвите и појава на хемороиди. Храна богата со растителни влакна: свежи плодови (овошје и зеленчук), интегрални житарици, јаткасти плодови, мешунки и др.

Дополнително, имајќи предвид дека луѓето со вишок килограми имаат зголемен ризик од варикозни вени и од овој аспект е многу важно да се има здрав и правилен начин на исхрана. Јадете повеќе храна која е богата со флавоноидни антиоксиданти.

Јадењето на ваква храна може да помогне во намалувањето на отечените варикозни вени. Флавоноидите ја подобруваат циркулацијата и превенираат од насобирање на кр-вта во вените. Дополнително, тие придонесуваат и за намалување на кр-вниот притисок во артериите и ги релаксираат крвните садови, што исто така е важно за превенција и подобрување на состојбата со проширени вени.

Храна богата со флавоноидни антиоксиданти: зеленчук (кромид, лук, пиперки, темнолиснат зеленчук како: спанаќ, блитва, брокула и сл.), агруми (лимон, портокал, цитрон, мандарини..), цреши, јаболка, бобинки (боровинки, аронија, рибизла…), какао и др.

Држете ги нозете подигнати, барем во висина над срцето или повисоко. Држењето на нозете подигнати во висина на срцето или над него, може да помогне за подобрување на циркулацијата. На овој начин доаѓа до намалување на притисокот во вените на нозете, а гравитацијата овојпат помога кр-вта полесно да се врати до срцето. Овој совет е добро да се применува по подолги периоди на седење или стоење, а особено се засегнати кои долго патуваат или водат седентарен начин на живеење.

Практикувајте масажи. Масажите со есенцијални масла се покажале како подобрувачи на циркулацијата во долните екстремитети, а знаеме колку циркулацијата е важна за проширените вени. Но, многу е важно масажите да не подразбираат силно притискање на пределите со проширени вени. Масажите треба да биде нежни со нежно лизгање и да се движат во правец од долу-нагоре кон срцето.

РЕЦЕПТ ЗА ЛЕКОВИТО МАСЛО КОЕ ГИ ЛЕКУВА ПОПУШТЕНИТЕ ВЕНИ

Оваа исклучително лековита билка со која се приготвува маслото, кај нас е позната по своите својства да ги исцелува ра-ните и оштетувањата на кожата. Невенот е билка која потекнува од Индија. А историските записи откриваат дека поголемиот број магиски обреди ширум светот се правени токму со оваа билка.

Невенот има исклучителна убавина со својата едноставност и фасцинантна портокалова боја. Откриено е дека оваа билка има способност да ги прочистува кр-вните садови, да ги релаксира и да го зголемува нивниот лумен (внатрешниот простор), како и да го намалува нивото на холестерол во кр-вта, особено во комбинација со глуварчето, глогот и ресникот (Eupatorium cannabinum).

Најновите истражувања покажуваат дека невенот го намалува кр-вниот притисок и делува благо седативно бидејќи ги опушта крвните садови и го зголемува луменот, па се препорачува и при ангина пекторис.

Како се приготвува ова масло?

Наберете 50 цветови невен, добро измијте ги и исушете ги од водата, па потопете ги во поголема тегла и прелијте ги со 1 литар маслиново масло. Теглата затворете ја и оставете ја да отстои 4 до 5 седмици на сонце. Потоа маслото можете да го процедите, но не мора.

Ова масло се користи за зацелување на изго-реници, за ублажување на проширени вени, за исцелување на кожата и заштита од сончевите зраци. Можете да направите и мевлем против проширени вени:

Загрејте половина килограм свинска маст на тивок оган. Кога целосно ќе се растопи, додајте две полни раце свежи цветови невен и една рака исушени зелени, боцкави лушпи од див костен.

Оставете да запени, тргнете од оган и мешајте 5 минути. Поклопете и оставете на ладно место да отстои 24 часа. Потоа лесно загревајте со постојано мешање додека целосно да се растопи. Процедете низ стерилна газа и складирајте во чиста и сува тегличка.

Мевлемот се чува добро затворен, на темно и суво место. Вените се мачкаат со мевлемот секоја вечер, без масирање и без притискање, а со мачкањето се започнува од скочните зглобови, па нежно се оди нагоре. Притоа треба да се пие чај за прочистување на организмот.