Во неодамнешно тестирање од страна на америчка компанија „Valisure“ на некои од лосионите со заштитен фактор е пронајден бензен, познат канцероген, во серии на 78 широко достапни производи за заштита од сонце и после сончање.




Компанијата поднесе петиција до ФДА да се повлечат овие производи, а тука спаѓаат брендовите на Неутрогена, Banana Boat, CVS Health и други врвни брендови. Повеќе од три четвртини од производите се спрејови за сончање со заштитен фактор.




Важно е да се напомене дека бензенот не е состојка на кремите за сончање, а петицијата сугерира дека наодите се резултат на контаминација некаде во процесот на производство.




„Од нашите пациенти се бара да ставаат крема за сончање секојдневно, а на бебињата да им се става од 6 месечна возраст, велејќи им да го прават тоа целиот свој живот, да го премачкуваат целото тело, повеќе пати на ден“, додава Кристофер Г. Буник, професор по дерматологија.




Во изјавата на Валисур компанијата, која ја открила оваа канцерогена состојка, објавувајќи ги наодите со водство на Буник, кој исто така е цитиран во петицијата посочил дека од голема важност е регулаторните агенции да се справат со контаминацијата со бензен во кремите за сончање и сите тематски лекови на ниво на производство и финален производ, така што сите поединци ќе се чувствуваат безбедно при користење на овие производи.




„Станува збор за проблем при производство, овие работи не треба да се изостават и да се остават во сенка“, посочил Адам Фридман, д-р, професор и началник на дерматологија на универзитетот Џорџ Вашингтон.




„ФДА сериозно ги разбира сите проблеми поврзани со безбедноста, вклучително и производите за сончање. Додека агенцијата ја проценува поднесената петиција, ние ќе продолжиме да го следиме пазарот на производство на креми и спрејови за сончање за да обезбедиме достапност на безбедни производи за сончање на американските потрошувачи“, изјави потпаролот на ФДА на прашањето да ги коментира наодите на Валисур.




Џонсон и Џонсон, матична компанија на Неутрогена и Banana Boat издадоа изјави во кои се повторува дека бензенот не е состојка во нивните производи.

„Луѓето веќе имаат амбивалентност за кремите за сончање, оваа состојка ќе го влоши нивното мислење уште толку“, вели Фридман. Тој посочил дека бензенот е присутен во издувните гасови на автомобилите, пасивното пушење и на други места.




„Не знаеме колку ефикасно бензенот минува низ кожата, дали се апсорбира системски. Од друга страна, ултравиолетовото зрачење е добро утврден канцероген. Избегнувањето на креми за сончање поради загриженост за присуство на бензен може да се покаже поштет.но отколку изложеноста на количини на бензен во трагови.




А потоа, тука е и фактот дека контаминацијата со бензен се чини дека е ограничена. „Поголемиот дел од производите што ги тестиравме – над 200 од нив – немаа забележливи количини на бензен“, вели Дејвид Лајт, извршниот директор на Валисур.




Советување за граѓаните

Буник вели дека очекува прашањето „број еден“ да биде од страна на граѓаните е какво средство за сончање препорачува. “Одговорот треба да биде да одберете крем за сончање за кој знаеме дека не е контаминиран, дека самите состојки се ефикасни и безбедни”, објаснува тој.




Фридман се согласи и дополни: „Треба да бидеме внимателни. Дерматолозите треба да бидат воору.жени со фактите со цел да ги советуваат пациентите: Кремата за сончање е сè уште многу важен, ефикасен и безбеден, научно базиран начин за спречување на штет.ните ефекти на сонцето, покрај облека и неизлегување од 10 до 16 часот.”

Бензенот е класифициран како потенцијален канцероген, супстанца што потенцијално може да предизвика р ак во зависност од нивото и степенот на изложеност на кожата.

На потрошувачите им се препорачува да контактираат со својот лекар ако имаат какви било проблеми, прашања или ако искусиле какви било проблеми во врска со употребата на овие производи, промени на кожата и слично..

Повеќе информации за студијата може да прочитате ОВДЕ, ОВДЕ и ОВДЕ.