Потребни состојки:

1 јајце

250 г путер/ маргарин

200 г шеќер во прав

1 полна лажица густин (или пченкарен скроб)

60 мл масло

2 ванилин шеќер

Рендана кора од лимон

½ прашок за печиво (или 1 лажичка сода бикарбона)

4,5 чаши брашно (чаша од 250 мл)

За полнење:

200 г ореви (или половина лешници и половина кикирики, мелени)

150 г суво грозје (или по желба, било кое друго суво овошје)

1 лажица шеќер

Гурабиите се прават во калап од цедалка за лимон (во вдлабнатината).

Постапка:

Сувото грозје потопете го во малку вода со рум или само во вода.

Рерната загрејте ја на 180 степени. Путерот омекнат на собна температура испасирајте го со виљушка, па додадете јајце, масло, и добро измешајте за да се соедини.

Потоа додадете шеќер, ванилин шеќер, кора од лимон, брашно и прашок за печиво, па убаво со рака замесете  за да добиете убаво, мазно тесто кое се одвојува од садот, меко, но да не се лепи на раце.

Топката тесто завиткајте ја во проѕирна фолија и оставете да одмори околу 10-тина минути во фрижидер.

За полнење: мелените јаткасти плодови, заедно со процеденото суво овошје, шеќер и малку мускантно оревче (ако сакате) треба да се измеша.

Калапот обложете го со проѕирна фолија. Со рака кинете од тестото, обликувајте топче и ставете го во калапот. Притиснете со прстите за да се залепи за ѕидовите и убаво да се исполни. Потоа ставете од полнењето и затворете го тестото. Превртете и извадете ја гурабијата.

Можете да правите и празни гурабии, но вака полнети се многу поубави.

Вака приготвените гурабии наредете ги на плех обложен со хартија. Се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 20-30 минути.

Деталите погледнете ги во видеото: