Рецепт и видео презентација на Том Филос – „Пролетна пита“. Добра, домашна, богата и топла, многу е вкусна и сочна. Едноставно толку многу е мирисна и вкусна што ве мами да посегнете по уште едно парче. Не можете да и одолеете.

Рецепт на Том Филос, пролетна пита со спанаќ и сирење
пролетна пита со спанаќ и сирење

Потребни состојки за тесто: 600 г брашно, 1 кафена лажичка сол, 1 супена лажица масло, 290 мл вода. За фил: 600 г спанаќ исчистен, 500 г свежо сирење и сол по вкус. И уште: 200 г растопен путер за премачкување на корите.

пролетна пита со спанаќ и сирење

Постапка: Доколку имате миксер за месење тесто, едноставно сите состојки ставете ги во садот и вклучете го апаратот да работи неколку минути додека да го измеси тестото. Ако го замесувате рачно, ќе треба малку подолго да го месите затоа што не содржи квасец.

Потребни состојки за тесто: 600 г брашно, 1 кафена лажичка сол, 1 супена лажица масло, 290 мл вода
Формирајте топка и завиткајте го во проѕирна фолија, да отстои 30 мин

Откако ќе ги измешате состојките, оставете го тестото да одмори 10-тина минути, а потоа добро измесете го додека да стане еластично, да се ослободи глутенот и да не се лепи на рака. Треба да биде средно тврдо. Формирајте топка и завиткајте го во проѕирна фолија.

измијте го убаво спанаќот и исцедете го, а потоа и ситно исечкајте го
Сирењето ситно издробете го (може да употребите и урда), па наизменично ставајте ги во подлабок сад.
Редете спанаќ, па ситно сирење и со раката малку противајте го спанаќот за да омекне и да рамномерно да се распореди сирењето. Посолувајте по вкус (ова зависи од тоа колку сирењето е солено)

Оставете го вака да одмори половина час. За тоа време пригответе го филот: измијте го убаво спанаќот и исцедете го, а потоа и ситно исечкајте го. Сирењето ситно издробете го (може да употребите и урда), па наизменично ставајте ги во подлабок сад.

тестото поделете го на два дела

Редете спанаќ, па ситно сирење и со раката малку противајте го спанаќот за да омекне и да рамномерно да се распореди сирењето. Посолувајте по вкус (ова зависи од тоа колку сирењето е солено). Одмореното тесто формирајте го во валјак за полесно да го поделите на два еднакви делови.

секоја половина поделете ја на три еднакви делови

Потоа секој дел поделете на три еднакви делови, со што вкуспно ќе добиете шест. Секое парче премесете го и формирајте топче, а потоа шесте топчиња покријте ги со фолија и оставете ги малку да одморат. За тоа време пригответе тркалезна тепсија со пречник 30 см.

формирајте топчиња и оставете ги малку да одморат
намастете тепсија со пречник 30 см
започнете со развлекување на корите

Убаво намастете ја со масло за готвење или премачкјате ја со растопен путер. Потоа земете едно топче и со оклагија развлечете го во тенка кора. Додека ја развлекувате кората наросувајте по малку брашно за да не ви се лепи тестото, а кората да излезе потенка.

Кората (малку поголема од величината на тепсијата) ставете ја на дното, направете мали набори и обложете ги ѕидовите
Потоа прелијте со малку масло или растопен путер, а најдобро е да користите силиконска четка за да се премачка убаво целата површина.

Кората (малку поголема од величината на тепсијата) ставете ја на дното, направете мали набори и обложете ги ѕидовите. Потоа прелијте со малку масло или растопен путер, а најдобро е да користите силиконска четка за да се премачка убаво целата површина.

Врз кората наредете една петина од приготвениот фил, рамномерно распоредете
повторете ја постапката и со остатокот од тестото…
…додека да го потрошите материјалот

Врз кората наредете една петина од приготвениот фил, рамномерно распоредете, па повторете ја постапката и со остатокот од тестото. Секое топче развлечете го во тенка кора, ставете ја кората врз филот и премачкјате ја одозгора со растопен путер. потоа распоредете фил.

последната шеста кора се става најодозгора и убаво се спакуваат краевите на питата
Потоа исечете ја…
… и премачкајте ја со остатокот од растопениот путер

И сè така додека го потрошите материјалот, односно да дојдете до последната шеста кора која се става најодозгора и убаво се спакуваат краевите на питата. Потоа исечете ја и премачкајте ја со остатокот од растопениот путер. Рерната вклучете ја да се загрева на 220 степени.

рерната вклучете ја да се загрева на 220 степени
пролетна пита со спанаќ и сирење

Кога добро ќе се загрее рерната, ставете ја питата да се пече околу 35 минути или додека убаво да зарумени. Печената пита извадете ја и покријте ја неколку минути со памучна кујнска крпа да се подизлади, па послужете ја. Сите детали од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

пролетна пита со спанаќ и сирење, уживајте во вкусот