I  ВЕРЗИЈА: Прелиен старински колач – раванија – едноставно, брзо и многу евтино (рецепт со видео презентација). Рецепт и видео презентација на “Домашен Готвач” – Топеница, старински колач.

старинска раванија (верзија 1)
старинска раванија (верзија 1)

За овој колач се потребни 10 јајца и се приготвува нешто слично на познатиот кох. Во видеото е прикажано дека јајцата се матат цели заедно со шеќерот, а во некои други рецепти прво се матат белките во цврст снег, а потоа постепено се додаваат жолчките, а сувите состојки се матат на послаба брзина или рачно со лажица.

старинска раванија (верзија 1)

Во тестата не се содржи прашок за печиво, а освен брашно се става и гриз, така што можеби и нема потреба од посебно матење на белки и жолчки, затоа што гризот не дозволува “растење” на кората.

старинска раванија (верзија 1)

Меѓутоа, кога ќе се испече и прелие со сируп кој потоа добро ќе се впие и најпосле се олади, овој колач е превкусен. Ако сте го јаделе кај вашите баби, сигурно ќе ве потсети во детството… И уште една напомена: сирупот додавајте го постепено, не го ставајте целиот одеднаш зошто можеби ќе нема потреба целата количина да ја ставите.

старинска раванија (верзија 1)

Потребни состојки за кора 1: 5 јајца, 5 лажици шеќер, 2,5 лажици брашно, 2,5 лажици гриз, 150 г ореви, 150 г рендано чоколадо или во прав. За кора 2: 5 јајца, 5 лажици шеќер, 2,5 лажици брашно, 2,5 лажици гриз, За сируп: 600 г шеќер и 650 мл вода. За наросување: мелени/сечкани ореви и рендано чоколадо

во длабок сад скршете пет јајца претходно отстојани на собна температура
…додајте пет лажици шеќер
пенасто изматете

Постапка: Во длабок сад за матење пенасто изматете пет јајца со пет лажици шеќер. Матете доволно долго додека шеќерот да се растопи, а потоа додајте 2,5 лажици брашно, 2,5 лажици гриз, 150 г мелени ореви и 150 г рендано чоколадо (или во прав).

додајте 2,5 супени лажици брашно
додајте 2,5 супени лажици гриз
додајте 150 г мелени ореви
додајте 150 г чоколадо во прав

Продолжете со матење додека да се изедначат состојките, а потоа смесата излејте ја во намастен и набрашнет плех 30х22 см или обложен со хартија. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, само 10 минути (потоа ќе се допече заедно со вториот слој), колку да фати кора.

намастете и наросете со брашно калап со димензии 30х22 см
излејте ја смесата во калапот и израмнете. Ставете да се пече 10 мин на 180 степени

За тоа време изматете го тестото за втората кора: пет јајца со пет лажици шеќер изматете со миксер, па додајте 2,5 лажици брашно и 2,5 лажици гриз. Жолтата смеса излејте ја врз запечената темна кора и израмнете.

За тоа време изматете го тестото за втората кора: пет јајца со пет лажици шеќер изматете со миксер
па додајте 2,5 лажици брашно и 2,5 лажици гриз
Жолтата смеса излејте ја врз запечената темна кора…
израмнете и вратете во рерна да се допече на 180 степени околу половина час

Вратете во рерна да се допече на 180 степени околу половина час. Печениот колач оставете го малку да излади, а потоа пригответе го шербетот од 600 г шеќер и 650 мл вода. Откако ќе зоврие нека се вари 5 минути.

пригответе го шербетот од 600 г шеќер
…и 650 мл вода. Оставете да вари 5 минути
прелијте го колачот со малку подизладен сируп
оставете да впие
одозгора наросете со рендано чоколадо
…и мелени ореви

Шербетот оставете го 5 минути да подизлади, па рамномерно прелијте го врз колачот, најдобро со кутлача. Оставете да се олади и да го впие сирупот, а потоа одозгора наросете го со ореви и чоколадо. Послужете го добро изладен. Деталите од целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.

пред послужување добро изладете го. Уживајте во вкусот!

II ВЕРЗИЈА – Раванија: старински сочен колач со гриз и ореви кој го правеше баба ми. Старински, најубав сочен колач…

Потребни состојки за 1.тесто: 5 јајца, 5 лажици шеќер, 2,5 лажици гриз, 2,5 лажици брашно, 70 г чоколадо рендано, 200 г мелени ореви. Потребни состојки за 2.тесто: 5 јајца, 5 лажици шеќер, 2,5 лажици гриз, 2,5 лажици брашно. За шербет: 750 г шеќер, 800 мл вода, 1 лимон

старинска раванија (верзија 2)

Постапка: За првото тесто, добро изматете ги јајцата и шеќерот. Додавајте ги по ред и останатите состојки, па сето добро промешајте го да се соедини.

Во намастен и набрашнет плех 22х37 излејте го тестото и печете на 200 степени 10-тина минути, колку само да се запече. За тоа време изматете ги јајцата со шеќер за второто тесто, додадете брашно и гриз па соединете. Излејте врз полупеченото тесто и допечете го колачот.

старинска раванија (верзија 2)

Сварете сируп од шеќер, вода и лимон исечен на тркалца (не долго, неколку минути). Со врел сируп прелијте го врелиот колач. Наросете одозгора со мелени ореви.

старинска раванија (верзија 2)