Oвој пролетен колач е толку многу вкусен, кремаст и неодолив што никој не може да застане на едно парче. Сите вкусови се одлично искомбинирани, а колачот е слоевит и  богат. Може да се послужи и на некоја посебна пригода, бидејќи изгледа многу декоративно. Не е тешко да се направи, бидејќи целата постапка се заснова на миксање и премачкување.

Испробајте го овој фин колач со пишкоти и малини и уживајте во пролетните денови. Овој рецепт вреди да си го запишете, бидејќи не само што ќе добиете многу вкусен колач, туку секогаш ќе ве отстрами пред ненајавените гости. Се приготвува многу брзо, а има вкус и изглед како да е излезен од слаткарница. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, 60 г (4 лажици) шеќер, 8 г (2 лажички) ванилин шеќер, прстофат сол, 80 г (1/2 чаша) брашно, 1/2 лажичка прашок за печиво, малку рендана кора од лимон, 10 г (2 лажички) врела вода. За џемот: 600 г (4 чаши) малини или комбинација од бобесто овошје, 50 г (1/4 чаша) шеќер, 2 лажици сок од лимон.

За кремот: 700 г (3 чаши) крем сирење, 600 г (3 чаши) павлака за готвење (33%), 130 г (1 чаша) шеќер во прав, 9 г (3 лажички) желатин, 60 мл (4 лажици) вода. И уште: 14 парчиња пишкоти, 1 лажиче желатин, 20 мл (1 лажица) вода.

Иако колачот е многу слоевит, секој слој не е различен и не се подготвува посебно. Напротив, од белиот крем се премачкува двапати, како и од овошниот џем. За овој колач се користи правоаголен калап со димензии 28х18 см. Постапката може да ја прочитате во продолжение:

ПОСТАПКА: Во еден подлабок скршете ги двете јајца, додајте го шеќерот и ванилиниот шеќер и изматете со миксер во еднолична смеса. Кога шеќерот ќе се растопи и јајцата ќе го зголемат својот волумен, просејте ја мешавината од брашно и прашок за печиво. Брашното и прашокот за печиво додајте го на двапати.

Лесно промешајте ја смесата со шпатула за да не спласне. Посолете сосем малку, па изрендајте кора од лимон за арома. Вака подготвената смеса излејте ја во калапот, израмнете и ставете на печење. Печете во загреана рерна на 180 степени, 25 минути, а по печењето, оставете ја кората да се олади.

Во меѓувреме подгответе го џемот. Малините или миксот од бобесто овошје ставете го во тавче. Прелијте со 50 г шеќер и 2 лажици сок од лимон. Ставете го тавчето на умерена температура и со повремено мешање, почекајте да се растопи. Кога смесата ќе почне да врие, гответе уште 6 минути на низок кон среден оган.

За кремот: Крем сирењето изматете го пенасто, како и павлаката за гответе сосе шеќерот во прав. Соединете ги двете смеси во едноличен крем. Растопете 3 лажици желатин со 4 лажици вода, оставете да кисне 5 минути, па прелијте врз белиот крем и добро измешајте. Издвојте 2/3 од белиот крем и измешајте со половина од џемот.

РЕДЕЊЕ: Врз печениот бисквит премачкајте 2/3 од белиот крем, помешан со џемот и добро израмнете. Ставете го колачот во фрижидер на 1 час. По изминатото време, премачкајте со половина од преостанатиот бел крем, па одозгора наредете ги пишкотитите. Пишкотите треба да го опфатат целиот калап и да се натопат во млако млеко.

Врз пишкотите наредете го преостанатиот тенок слој од бел крем, па одозгора прелијте со преостанатиот џем кој треба да го измешате со 1 лажиче желатин и 1 лажиче вода. Вака подготвениот колач се остава во фрижидер најмалку 4 часа. Деталите од целата постапка погледнете ги ОВДЕ.